Експресен пат Штип – Радовиш, 1 фаза

Експресен пат Штип – Радовиш, 1 фаза
Должина: 23,56 км.
Ширина: 11.4 м.
Вредност: 27,2 милиони евра
Активности: Се работи со забрзано темпо, а реализацијата е 83% . Најголемиот мост е на стационажа 15+596, и е во фаза на градба.

ЈПДП информира: Осветлени мостот и клучката Велес југ на автопатот А1

ЈПДП ги информира учесниците во сообраќајот на автопатот А1 делница Велес–Градско дека е пуштено во пробна функција ЛЕД осветлувањето на мостот и клучката Велес југ.

101 канделабра со 140 светилки за јавно осветлување со ЛЕД технологија, осветлија 4. 000 метри од патот.

 

За оваа намена Јавното претпијатие за државни патишта издвои средства во висина од 18.365.000 денари (без ДДВ).

ЈПДП Ви посакува пријатно и безбедно возење!

ЈПДП на терен

звршен увид на делницата Велес–Градско (транзитен дел низ Велес) кадешто интензивно се работи на санација на свлечиштето и потпорниот ѕид.

Во првата фаза се врши ископ на веќе уништениот пат негово стабилизирање со санирање на уништениот ѕид со поставување на нов бетонски ѕид, за подоцна да се изврши насипување и поставување на нова еластична ограда за комплетирање на градежните работи од овој дел од проектот.

Во втора фаза ќе се започне со кавење на карпата со цел да се одстранат оштетените и испукани карпи за подоцна да се започне со поставување на анкери врз кои ќе се врши торкетирање, поставување на заштитна мрежа и поставување на габиони за трајно стабилизирање на карпата.

Како последна трета фаза од проектот ќе се изврши целосно одстранување на веќе оштетениот и испукан асфалт со поставување на нов слој на асфалт.

Предвидениот рок за извршување на работите е 8 месеци, односно до октомври оваа година. Инвестиционата проценета вредност со ДДВ за санацијата изнесува 62.441.350,74 денари.
Да напомене дека заради изведувањето на градежните работи регионалниот пат 1102 е затворен за сообраќај.

Државен пат Р1101 делница, Прилеп-Тополчани–Битола, поправка и рехабилитација

Државен пат Р1101 делница, Прилеп-Тополчани–Битола, поправка и рехабилитација

Должина 15 км, од кои 5 км е асфалтирање на коцка.
Ширина 6 м, со проширувања во кривини до 8м.
Поставување на банкина во ширина од 0,5м од двете страни на патот.
Вредност 59.20 милиони денари.

Поставено ЛЕД осветлување на мост и клучка Катланово на автопат А1, делница Патровец – Велес

Поставено ЛЕД осветлување на мост и клучка Катланово на автопат А1, делница Патровец – Велес

ЈПДП ги информира учесниците во сообраќајот на автопатот А1 делница Петровец–Велес дека е пуштено во пробна функција ЛЕД осветлувањето на мост и клучка Катланово.

32 ЛЕД светилки за јавно осветлување осветлија околу 1280 метри од патот на мост и клучка Катланово.

За оваа намена Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства во висина од 7.000.000 денари (без ДДВ).

ЈПДП Ви посакува пријатно и безбедно возење!

Поправка и рехабилитација на државен пат А1 делница, Смоквица – Удово и Р1401 делница, врска со државен пат Р1105- Брајковци-Балинци-Марвинци-врска со државен пат А1

Поправка и рехабилитација на државен пат А1 делница, Смоквица – Удово и Р1401 делница, врска со државен пат Р1105- Брајковци-Балинци-Марвинци-врска со државен пат А1

Должина: 6.10 km.
Ширина: од 6м до 8м
Вредност: 46.30 милиони денари

Активности: асфалтирање на завршен слој асфалт АБ16с со дебелина од d=5cm врз претходно истругана, обеспрашена и испрскана со емулзија подлога; изработка на банкини.

Поправка и рехабилитација на државен пат Р2134 делница, Сопиште – Долно Соње

Поправка и рехабилитација на државен пат Р2134 делница, Сопиште – Долно Соње

Должина: 3,7 км
Ширина: променлива од 5,5м, со проширувања во кривини до 9м.
Вредност: 13,65 милиони денари.

Активности: стругање на постоечки асфалт и асфалтирање на изгребена површина;
расчистување на трасата и машинско кресање и чистење на постојни банкини; предвидена е банкина во ширина од 1м од двете страни на патот; предвиден е завршен слој на асфалт АБ11 со дебелина од Дср=5см.