Skip to content

ЈПДП на терен

звршен увид на делницата Велес–Градско (транзитен дел низ Велес) кадешто интензивно се работи на санација на свлечиштето и потпорниот ѕид.

Во првата фаза се врши ископ на веќе уништениот пат негово стабилизирање со санирање на уништениот ѕид со поставување на нов бетонски ѕид, за подоцна да се изврши насипување и поставување на нова еластична ограда за комплетирање на градежните работи од овој дел од проектот.

Во втора фаза ќе се започне со кавење на карпата со цел да се одстранат оштетените и испукани карпи за подоцна да се започне со поставување на анкери врз кои ќе се врши торкетирање, поставување на заштитна мрежа и поставување на габиони за трајно стабилизирање на карпата.

Како последна трета фаза од проектот ќе се изврши целосно одстранување на веќе оштетениот и испукан асфалт со поставување на нов слој на асфалт.

Предвидениот рок за извршување на работите е 8 месеци, односно до октомври оваа година. Инвестиционата проценета вредност со ДДВ за санацијата изнесува 62.441.350,74 денари.
Да напомене дека заради изведувањето на градежните работи регионалниот пат 1102 е затворен за сообраќај.

Сподели: