Спроведувањето на јавни набавки во Јавното претпријатие за државни патишта се врши согласно:
  • Законот за јавни набавки (“Сл.весник на РМ”  бр.136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11 и 148/13).
Исто така се користат и подзаконски акти и тоа:
  • Одлука за утврдување на индикативен список на договорни органи;
  • Уредба за услугите кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги;
  • Уредба за видовите на активности на градење кои се предмет на јавна набавка на работи;
  • Правилник за формата, содржината како и начинот на изготвување на Годишниот план за јавни набавки;
  • Правилникот за начинот за проценување на вредноста на договорите за јавна набавка;
  • Правилник за содржината на тендерската документација;
  • Правилник за постапката за отварањето на понудите и образецот за водење записник за отварањето на понудите;
  • Правилник за формата и содржината на образецот на извештајот од спроведената постапка;
  • Методологија за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови;
  • Правилник за формата и содржината на огласот, известувањето за поништување на постапката и образецот на евиденција на постапките со барање за прибирање на понуди;
  • Правилник за формата и содржината на огласите и известувањата при доделување на договорите за јавна набавка;
  • Правилник за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки;