Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/2006, 86/2008, 6/10 , 42/14, 148/15 и 55/16”) Јавното претпријатие за државни патишта ја објави следната:
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
со кои располага Јавното претпријатие за државни патишта
Јавното претпријатие за државни патишта располага со следните информации од јавен карактер кои треба да бидат достапни до барателите на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер:
1. Закони со кои се уредуваат условите и начинот на управувањето, планирањето, изградбата, реконструкцијата, одржувањето, заштитата, финансирањето и надзорот на јавните патишта, како и основањето и управувањето на Јавно Претпријатие за државни патишта:
– Закон за јавните патишта
– Закон за јавните претпријатија
2. Акти кои произлегуваат од Законот за јавни патишта, со кои поблиску се регулираат и разработуваат одделни одредби од Законот за јавни патишта, а во врска со изградбата, одржувањето, заштитата, наплата на патарина, управувањето со јавните патишта, како и основањето на ЈПДП:
Правилник за начинот на распределбата на средствата на општините односно градот Скопје, од надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила што имателите на моторни возила го плаќаат при регистрација на возилата
Одлука за висината на надоместокот за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас, приклучување на пристапен пат, поставување на инсталации во трупот на патот и патниот појас, изградба и користење на комерцијални објекти на кој е дозволен пристап на јавен пат надвор од населено место, за прекумерно користење, за вонреден превоз и за штета сторена на патот и на објектите на патот за државните патишта.
- Правилник за начинот на заштита на јавните патишта објавен во Службен весник на РМ, бр.122/2010
- Правилник за начинот,постапката и условите под кои Агенцијата за државни патишта дава согласност за изградба на државен пата на друг инвеститор, Службен весник на РМ број 99 од 22.07.2011 година
- Правилник за мерките за одржување на јавните патишта, начинот и роковите за нивно извршување, како и видот и начинот на извршување на активностите за редовно, зимско, периодично и интервентно одржување на јавните патишта
- Уредба за утврдување на критериуми за категоризација на јавните патишта и нивните ознаки, Службен весник на РМ број 13 од 01.02.2010 година
- Правилник за начинот на идентификација на јавните патишта со соодветен референтен систем и стационажа, објавен во Службен весник на РМ бр. 32/2009.
- Правилник за критериумите за определување на улиците во населените места кои ќе се сметаат за дел од државен пат како и нивното одржување, објавен во Службен весник на РМ, бр. 144/2008.
- Правилник за технички елементи за изградба и реконструкција на јавните патишта и на објекти на патот
- Правилник за технички барања за системите, составните делови, самостојните технучки единици, опремата, димензиите и вкупните маси и соното оптоварување на возилата
- Одлука за висината и начинот на плаќање на надоместокот за употреба на јавните патишта За моторните и приклучните возила (патна такса) („Службен весник на Република Македонија“ бр.118/09 од 28.09.2009 година)
- Одлука за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина) („Службен весник на Република Македонија“ бр.89/09 од 20.07.2009
- Одлука за висината на надоместокот за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на државен пат, приклучување на пристапен пат на државен пат, поставување на инсталации во трупот на патот и патниот појас на државен пат, изградба и користење на комерцијални објекти на кој е дозволен пристап на јавен пат надвор од населено место, за прекумерно користење на државен пат, за вонреден превоз и за штета на државен пат и на објектите на патот („Службен весник на РМ“ бр.139/2008)
- Одлука за основање на Јавно претпријатие за државни патишта бр.41-10147/1 од 20.12.2012 година објавена во „Службен весник на Република Македонија“бр. 1/13 од 02.01.2013 година
- Одлука за категоризација на државните патишта („Службен весник на РМ“ бр.133/2011)
- Исправка на Одлуката за категоризација на државните патишта („Службен весник на РМ“ бр.150/2011)
3. Правни акти со кои се регулира внатрешната организација и работата во Јавно претпријатие за државни патишта:
- Одлуката за основање на Јавно претпријатие за државни патишта, бр.41-10147/1 од 20.12.2012 година објавена во „Службен весник на Република Македонија“бр. 1/13 од 02.01.2013 година.
- Статут на јавното претпријатие
- Кодекс за однесување на вработените во Одделението за наплата на патарина, бр. 02-6413/6 од 20.11.2012 година
- Органограм на јавното претпријатие
4. Одобрувања кои ги издава Јавното Претпријатие за државни патишта, согласно Законот за јавните патишта, издава Одобрувања за:
- Барања за враќање на средства од надоместокот за патишта што се плаќа при регистрација на моторни и приклучни возила
- Одобрувања за поставување на инсталации во заштитниот појас на патот
- Одобрувања за поставување на рекламни табли (билборди) во заштитниот појас на патот
- Одобрување за вонреден превоз на државните патишта
5. Годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта, со која се спроведуваат целите и задачите од петгодишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта
6. Петгодишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2013 – 2017 година
7. Програма за изменување на петгодишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2013 – 2017 година
8. Ревизорски извештаи од Државниот завод за ревизија
9. Ревизорски извештаи од независни ревизорски куќи
10. План за јавни набавки
11. Соопштенија и известувања до јавноста за тековни активности и проекти
12. Тековни јавни набаки
13. Патна карта на Република Македонија
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Јавното претпријатие за државни патишта со пополнување на – Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Јавното претпријатие за државни патишта или да го симнат oд следниов линк.
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Јавното претпријатие за државни патишта ул. „Даме Груев“ бр.14, 1000 Скопје, на e-mail на службените лица за посредување со информации, како и на факс – (02) 3220-535.
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: (02) 3118 044.
Јавното претпријатие за државни патишта, согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службени лица за посредување со информации ja определи:
1.Жаклина Велчковска – Советник за односи за јавноста
е-маил: z.velickovska@roads.org.mk Телефон: (02) 3118 044
2. Механизам за жалби и поплаки по проекти финансирани од меѓународни финансиски институции:
Contact mail: gragjani@roads.org.mk
Формулар за поднесување на жалби и поплаки можете да го преземете во pdf формат тука.