Согласно Член 7 од Одлуката за висината, начинот на плаќање, евиденција и контрола на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила (патна такса), („Службен Весник на Р.Македонија“ 81/08), имателите на моторните и приклучните возила со кои се врши меѓународен сообраќај имаат право да бараат враќање на уплатениот износ сразмерно на времето што моторното и приклучното возило го поминале надвор од Република Македонија.

Барањето за враќање на износот се поднесува до Јавното претпријатие за државни патишта  (на формуларите превземени од WEB сајтот-подолу ), а кон барањето задолжително се доставува доказ за времето што возилото го поминало надвор од Република Македонија, копија од извод од банка за Платен надоместок за Јавни патишта и копија од сообраќајна дозвола од возилото.

Збирното барање за враќање на исносот што се поднесува во тековната година треба да се однесува на цела измината година (пример: поднесено барање во 2015 година да се однесува за период од 01.01 до 31.12 2014 година).

Контакт: vrakjanje_patnataksa@roads.org.mk

Потребните формулари за барање за враќање на износот може да ги преземете во продолжение.