Согласно чл. 41 од Законот за државни патишта (“Сл.Весник на Р.М.” бр.84/08, бр.52/09, бр.114/09, бр.124/10, бр.23/11, бр.53/11, бр.44/12 и бр.168/12), Јавното претпријатие за државни патишта издава Одобрувања за поставување на инсталации во заштитниот појас на патот.

Под терминот ИНСТАЛАЦИИ се подразбира: телефонски, телеграфски и други кабелски водови, нисконапонски електрични водови, односно водови за напојување канализација, водоводи, топловоди и други слични уреди во заштитниот појас *.

 

* Согласно чл. 4 точка 17 „ЗАШТИТЕН ПОЈАС“ е земјен појас од двете страни на патниот појас во кој не можат да се градат објекти, освен објекти кои се во функција на патот. Согласно чл. 4 точка 15 „ПАТЕН ПОЈАС“ е просторот од двете страни на трупот на патот кој се протега најмалку еден метар од крајниот раб на напречниот пресек на патот.

Потребна документација која се доставува до Јавното претпријатие за државни патишта:

  • Барање
  • Ситуација со обележани премини и водење на предметната инсталација во однос на државниот пат

После извршениот увид и одредување на стационажите на попречните премини и подолжното водење на инсталацијата:

  • Записникот од извршениот увид (4  фотокопии)
  • Ситуација со внесени стационажи
  • Попречни пресеци за сите премини со внесени стационажи
  • Карактеристични попречни пресеци на патот за подолжното водење на инсталацијата во усек, насип и на објекти со внесени стационажи.

Одобрувањето се добива по претходно извршена уплата на средствата по Про-фактура која ќе ви биде доставена на Ваша адреса.

Важноста на Одобрувањето за инсталации е трајна.

Контакт: odobruvanja_instalacii@roads.org.mk

Во продолжение можете да ги преземете барањата за Одобренија за поставување на инсталации во заштитниот појас на патот.