ЈПДП ја отвора градежната сезона и во Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) т.е општините

Нашиот фокус не е насочен само кон државните и магистралните патишта туку Јавното претпријатие за државни патишта интензивно работи и на рехабилитација на регионалните патни правци во општините кои поминуваат низ руралните средини.

Во таа насока, во рамките на Годишната програма на ЈПДП за 2025 година, поточно преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат) се издвојуваат средства и за рехабилитација на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) т.е општините.


Годинава во рамките на оваа програма за општина Куманово вкупно се планирани 85 милиони денари за рехабилитација на неколку делници и тоа на патните правци:
1. Р29277 Бељаковце-Клечовце – 35 милиони денари,
2. Р2136 Пчиња -Вак’в – 30 милиони денари,
3. Р1104 Куманово транзит (ул. Никола Тесла) 20 милиони денари.

Веќе се започнати градежните активности на дел од овие патни правци, поточно веќе се работи на Бељаковци-Клечовце и на улицата Никола Тесла.


Имено, на ул. Никола Tесла која што е транзит низ Куманово на регионалниот патен правец Куманово-граница со Србија планирано е остранување на стариот асфалт и вградување на нов слој во должина од 1.450 метри со променлива ширина од 6,5 до 9 метри, односно околу 10.000 м2.

По завршувањето на овие делници ЈПДП планира да продолжи со рехабилитација на делницата од с. Пчиња кон с.Вак’в. Овие градежните активности ги изведува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат).

Пилот проект: „Снимање на сообраќајната сигнализација“

Пилот проект: „Снимање на сообраќајната сигнализација“

Јавното претпријатие за државни патишта изминативе седум дена започна пилот проект со кој врши снимање на сообраќајната сигнализација на 750 км патишта во државата.

Имено, со специјалното возило ангажирано во рамките на адаптивното одржување на РАМС системот се собираат податоци за сигнализацијата кои се внесуваат со дигитални координати, а преку системот за фотограметрија точно се гео-референцираат. По завршување на снимањето податоците ќе се обработат и ќе бидат внесени во РАМС системот, кој ќе биде всушност катастар на сообраќајната сигнализација на државните патишта.

Овие податоци подоцна ќе бидат искористени за побрза споредба, замена и поправка на сигнализацијата која што е неопходна за безбедно и правилно водење на сообраќајот.

Снимањето ќе се врши и во наредните денови и доколку на нашите патишта сретнете невообичаено возило како на сликите во прилог бидете трпеливи и дајте му предност бидејќи работи во интерес на сите нас и на обезбедување на посигурни и побезбедни патишта.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/25 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Јавното претпријатије за државни патишта

ИНТЕРЕНИОТ ОГЛАС БРОЈ 1/25 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Јавното претпријатије за државни патишта може да го преземете во .pdf формат тука.

 

 

Резиме на актуелните влијанија врз биодиверзитетот во областа на биокоридорот Герман-Осогово и ефективноста на мерките за ублажување за време на изградбата на експресниот пат А2, ЛОТ 2: Подделница Крива Паланка – Длабочица. Краен извештај.

ПРОЕКТ Истражување на фауната на големите цицачи за време на изградбата на експресниот пат А2, ЛОТ 2: Подделница Крива Паланка – Длабочица

Резимето на актуелните влијанија врз биодиверзитетот во областа на биокоридорот Герман-Осогово и ефективноста на мерките за ублажување за време на изградбата на експресниот пат А2, ЛОТ 2: Подделница Крива Паланка – Длабочица. Краен извештај, може да го преземете во pdf формат тука..

Јавeн повик бр.01/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија

Јавниот повик бр.01/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија може да го преземете во pdf формат тука.

Образецот за пријавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен/надзорен одбор на јавно претпријатие може да го преземете во docx формат тука.

Повик за претквалификација за изградба на автопат Е-65, делница Букојчани – Кичево, км 2+500 – км 12+727 и 5-годишно одржување на автопатската делница

Повикот за претквалификација за изградба на автопат Е-65, делница Букојчани – Кичево, км 2+500 – км 12+727 и 5-годишно одржување на автопатската делница може да го преземете во pdf формат тука.