Кратка биографија на избраниот кандидат Елвис Муслији по објавениот Јавен повик бр. 06/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на  1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Кратката биографија на избраниот кандидат Елвис Муслији, по објавениот Јавен повик бр. 06/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на  1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта може да ја преземете во pdf формат тука.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/25 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Јавното претпријатије за државни патишта

ИНТЕРЕНИОТ ОГЛАС БРОЈ 2/25 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Јавното претпријатије за државни патишта може да го преземете во .pdf формат тука.

Санација на регионалниот пат Стење – Коњско

Со цел развој на туризмот и подобрување на инфраструктурата во руралните средини на Преспанскиот крај, Јавното претпријатие за државни патишта во Програмата за 2025 година предвиде 30 милиони денари за санација на регионалниот патен правец Р1307, на делот од село Стење кон село Коњско.
За на лице место да се уверат што е  досега  реализирано  од предвидената санација увид извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, пратениците Ѓорѓија Сајкоски и Кире Божиновски, заменик директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Александар Шуковски и нивните стручни тимови.

До сега на регионалниот пат Стење-Коњско е извршена санација на трупот на патот во должина од 3.800 метри, со негово израмнување и вградување на 1.300 м³ тампонски слој со ширина од 4,5 – 5 метри. Исто така, извршено е асфалтирање на 3.800 метри, со вградување на вкупно 1.980 тони асфалтен слој, со просечна ширина од 3,6 метри, а трупот на патот во кривините е проширен до 4,5 метри.

Оваа санација се изведува преку Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2025 година спроведена од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (ЈП Македонијапат).

Овој живописен крај кој многу малку е допрен од човечката рака каде природата е изгледа нереално е идеален за одмор на сите човечки сетила и токму затоа ЈПДП посветува внимание за подобрување на патната инфраструктура.

Инвестицијата, пак, значително ќе го подобри пристапот до Преспанскиот регион, ќе поттикне развој на туризмот и ќе придонесе за економски раст на локалните заедници.

Увид во рехабилитацијата на државниот пат А2 делница, Извор- Врбјани и делница, Ботун- Климештани

Јавното претпријатие за државни патишта отпочна со рехабилитација на две делници од државниот пат А2 Извор- Врбјани и Ботун- Климештани со вкупна должина од 15,1 км, и со проценетата вредност на проектот е 5,53 милиони евра.

Во таа насока, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски и градоначалниците на Кичево и Дебрца, Александар Јовановски и Златко Сиљаноски извршија увид во градежните активности поврзани со рехабилитацијата.

Имено, градежните активности започнаа во средината на октомври кога Изведувачот Гранит беше воведен во работа. Надзорот над работите го врши ГЕИНГ, а предвидениот рок за изведба на работите е една година, односно октомври 2026 година.

Инаку, со рехабилитацијата на државниот пат А2 делница, Извор- Врбјани и делницата Ботун- Климештани ќе се овозможи брз и безбеден пристап до двете општини, Општина Кичево и Општина Дебрца, ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и ќе се олесни транспортот на стоки и услуги, што ќе придонесе за економски развој, на и во регионот пошироко.

Во моментов се работи на делницата Извор–Врбјани каде што до сега се завршени 3.1 км, а до крајот на годината е предвидено да се заврши уште еден километар, со што вкупно ќе бидат опфатени 4.1 километар.

Од тековни активности активности што се изведуваат во моментов би издвоиле дека се работи на:

  • Уредување на постоечкиот коловоз – орапавување со профилирање и стругање,
  • Подготовка на подлога за асфалтирање-рамномерно прскање со битуменска нестабилна емулзија,
  • Набавка, транспорт и изработка на завршен асфалт бетонски АБ слој ,
  • Изработка на битуменизиран носив слој БНС, вклучувајќи набавка и транспорт на асфалтот.

 

ЈПДП: Увид во активностите поврзани со стабилизација на косините на автопатот во изградба Кичево-Охрид“

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и градоначалниците на општина Кичево Александар Јовановски и општина Дебрца Златко Сиљаноски, пратеникот Ѓоргија Сајкоски, заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски извршија увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, почно извршија увид во активностите поврзани со стабилизација на косините.

Трајановски и Николоски изразија задоволство од напредокот кој е согласно со предвидените планови. При увидот од стручните тимови беа известени за начинот и постапката која се применува при стабилизацијата на косините.

 

Од Изведувачот на работите и од Надзорот тие беа информирани дека во моментов се изведуваат активности на подделницата 1 и 2 каде се работи припрема на заштитни мерки на косини и тоа со пошумување, поставување на геокомпозитна мрежа, прскање со бетон. Потоа, на косина на стационажа на 15-ти километар се изведува решение со галерија и се работи на бушење и бетонирање на шипови, оплатирање армирање на плоча, оплатирање армирање на кружни столбови, армирање и оплатирање на потпорен ѕид итн.

Напорите се насочени кон тоа што поголем дел од автопатот во изградба да биде функционален и ставен во употреба за полесно патување до туристичкиот центар Охрид.

Известување по објавениот Јавен повик бр. 06/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево, 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта и 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавно претпријатие Колекторски систем

Комисијата за селекција, по објавениот Јавен повик бр. 06/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево, 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта и 2 (два) члена на Управниот  одбор на Јавно претпријатие Колекторски систем,

 

  • известува дека на ден 22 декември 2025 година (понеделник) со почеток во 14.00 часот, во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Сала 3 (до Архивата), ќе се спроведе интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција.

ЈАВЕН ПОВИК бр.06/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево, 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта и 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавно претпријатие Колекторски систем

  • Јавниот Повик бр.06/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица Кичево, 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта и 2 (два) члена на Управниот  одбор на Јавно претпријатие Колекторски систем може да го превземете на следниов линк.
  • Образецот за пријавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен одбор на јавно претпријатие може да го превземете тука.

Создаваме услови за непречен проток на сообраќајот кај Бигорскиот манастир

Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во близина на Бигорскиот манастир, со што значително се подобри безбедноста и комфорот на сите учесници во сообраќајот. Овој проект има за цел да обезбеди стабилност на патната инфраструктура и да овозможи непречен проток на возила на една од најфреквентните туристички локации во регионот.

Покрај санацијата на потпорниот ѕид, изграден е и нов паркинг простор наменет за патниците намерници и туристите кои го посетуваат ова значајно македонско светилиште. Со тоа се решава долгогодишниот проблем со паркирањето и се подобрува пристапот на посетителите до манастирот.

Градежните активности започнаа минатата година и опфатија низа комплексни зафати:

• расчистување на трасата од грмушки и дрвја,
• машински ископ и изработка на насип,
• поставување тампонски слој од дробен камен,
• поставување нови рабници и метална пешачка ограда за мост,
• асфалтирање на коловозната површина,
• обележување со патарска рефлектирачка боја за зголемена видливост и безбедност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 569.591 евра, што претставува значајна инвестиција во подобрување на патната инфраструктура и туристичката понуда во регионот. Изведувач на работите беше ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ увоз-извоз, Скопје, а надзорот го вршеше ГЕИНГ ДОО Скопје.

Со реализацијата на овој проект, се создаваат услови за безбеден и непречен сообраќај, а истовремено се поттикнува развојот на туризмот и зачувувањето на културното наследство на Македонија.

ЈПДП: Интензивни градежни активности за подобрување на патната инфраструктура во Делчево

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) заврши со реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти во општина Делчево, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на патната мрежа. Вкупната инвестиција за 2025 година изнесува 48 милиони денари.

☑️Реконструкција на регионални патишта

Во рамки на годишната програма, се врши санација на два регионални патни правци:

☑️Р1302 (излез од Делчево кон Пехчево)

За санација на дел од овој пат се издвоени 20 милиони денари. Работите опфаќаат гребење на стариот коловоз и поставување нов асфалтен слој на површина од 10.200 м², со вкупна количина од 1.400 тони асфалт.

☑️Р2341 (Делчево – село Габрово)

За овој патен правец се предвидени 22 милиони денари. Проектот вклучува поставување нов асфалтен слој од 2.120 тони на површина од 12.500 м², како и изградба на банкини од двете страни на коловозот.

Изведувач на градежните беше ЈП „Македонијапат“. Со реализацијата на овие проекти, значително ќе се подобрат условите за сообраќај, ќе се зголеми безбедноста и ќе се овозможи поефикасен проток на возила.