Одлуки за извршен избор за кандидати по интерен оглас 2/24 за работно место 1, 2, 3, 4 и 5

Одлуките за извршен избор за кандидати по интерен оглас 2/24 за работно место 1, 2, 3, 4 и 5 може да ги преземете во pdf формат подолу.

  • Одлука за извршен избор за кандидати по интерен оглас 2/24 за работно место 1 преземи тука.
  • Одлука за извршен избор за кандидати по интерен оглас 2/24 за работно место 2 преземи тука.
  • Одлука за извршен избор за кандидати по интерен оглас 2/24 за работно место 3 преземи тука.
  • Одлука за извршен избор за кандидати по интерен оглас 2/24 за работно место 4 преземи тука.
  • Одлука за извршен избор за кандидати по интерен оглас 2/24 за работно место 5 преземи тука.

Oдлука за извршен избор на кандидати за вработување на неопределено време на даватели на јавни услуги по јавен оглас 2/24

Oдлуката за извршен избор на кандидати за вработување на неопределено време на даватели на јавни услуги по јавен оглас 2/24 може да ја преземете во pdf  формат тука.

Oдлука за извршен избор на кандидати за вработување на неопределено време на даватели на јавни услуги по јавен оглас 1/24

Oдлуката за извршен избор на кандидати за вработување на неопределено време на даватели на јавни услуги по јавен оглас 1/24 може да ја преземете во pdf  формат тука.

Експресниот пат Градско-Дреново кој е дел од Коридорот 10Д пуштен во употреба

Пуштањето на делницата Градско-Дреново која е дел од експресниот пат Градско-Фариш означува нов почеток на развојот на Централна и Југозападна Македонија, поврзувајќи ги Прилеп, Битола, Пелагонија, Ресен, Охрид, но и границата со Република Грција.

Со сечење лента директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николоски, како и евроамбасадорот Михалес Рокас го означија пуштањето на оваа нова модерна и брза делница. На отворањето присуствуваа повеќе министри, пратеници, градоначалници, советници, и претставници на локалната бизнис заедница, како и претставници на изведувачите и надзорите.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски рече дека постапката за изградба на експресниот пат започнала во 2012/13 година со проектирање и избор на изведувачи.
„Овој пат или овој Коридор што е дел од коридорот 10Д е од огромно значење за централна Македонија и Југозападна Македонија, бидејќи со тоа се поврзуваат Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, па и со границата со Република Грција. Овој пат ќе овозможи многу побрзо, побезбедно, а исто така и поудобно движење по овој пат. Во употреба пуштаме вкупно 16.5 километри од експресниот пат кој започнува кај клучка Градско, а завршува кај клучка Дреново, од каде потоа се продолжува по стариот пат. Проектот е со вкупна вредност од 37.5 милиони евра и е финансиран 71,5% од ИПА фондови со вредност од 26.7 милиони евра и 28,5% од Национално Ко-финансирање во вкупна вредност од 10.6 милиони евра. Ширината на коловозот е 12,40 м, а делот што го пуштаме во употреба содржи: 3 клучки (Градско, Росоман и Дреново), 4 вијадукти, 1 мост, 4 надпатници, 3 подпатници, 7 плочасти пропусти и 28 цевасти пропусти“, рече директорот на ЈПДП Трајановски пришто вети дека и покрај двата поголеми проблеми, а тоа се ублажување и заштита на косините за коишто веќе има решенија, како и решавање на проблемот со заштита од опасни карпи на патот за што се разгледуваат можни решенија, и втората делница набрзо ќе биде завршена.

Според премиерот Христијан Мицкоски оваа делница означува нов почеток за развојот на Централна и Југозападна Македонија, а Коридорите 8 и 10д се стратешки за Македонија, правејќи ја крстосница на Балканот и заради тоа потребно е да ги модернизираме, на ниво со коешто ќе се даде регионален придонес во инфраструктурното поврзување.
Министерот за транспорт Николоски изјави дека како дел од Коридорот 10, оваа делница треба да значи целосно автопатско или експресно поврзување со вториот голем граничен премин, тоа е граничниот премин Меџитлија.

Граѓаните од денеска ќе возат по експресен пат од Крива Паланка-Страцин

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за правда Игор Филков, заменик диркеторот на ЈПДП Назим Таипи, заменик-шефот на делегацијата на Европската Унија Бен Нупнау, како и во присуство на поголем број пратеници, градоначалници, советници, и претставници на Светска банка, и на Европска Делегација и ВБИФ Фонд за Инвестиции на Западен Балкан свечено го пуштија во употреба новиот експресен пат Крива Паланка-Страцин.

ЈПДП изминатиот период ја забрза изградбата, изведувачот работеше и во зимски услови и резулатот е нов, модерен и безбеден експресен пат во должина од 25,5 километри, со дозволена брзина од 110 км на час, пат кој е од големо значење не само за граѓаните од овој регион туку е значаен затоа што е дел од Коридорот 8 кој го поврзува истокот со западот на државата.

„Поставив цел до крајот на 2024 година да биде завршен овој пат. Многумина не веруваа, многумина дури и се смееја, но еве го завршивме, го задоцнивме само три дена. Затоа ќе извините за задоцнувањето од три дена“, рече директорот на ЈПДП Коце Трајановски, и додаде: „Во јули 2024 година, кога бев избран за директор на ЈПДП, на првата делница во должина од 15 километри верувајте немаше ставено ниту еден квадратен сантиметар асфалт, а гледам денеска се фалат дека останале само финалните работи. Меѓутоа работата ја гледаат граѓаните, гледаат со кој интензитет се работеше во последниве шест месеци. Вкупната инвестициона вредност на експресниот пат изнесува 102 милиони евра, средства обезбедени од Светска банка 88 милиони евра и дел наменски грант во висина од 14 милиони евра обезбедени од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан. На експресниот пат има 3 клучки, исто толку и мостови, 13 вијадукти, 9 надпатници, 44 косини, 36 цевасти пропусти и 14 плочести пропусти. Тој е со ширина од 11,4 м, односно 12,5 метри.“

Министерот за транспорт Александар Николовски експресниот пат го нарече витална артерија за поврзување со Бугарија, а премиерот Христијан Мицкоски рече дека патот не треба да го присвојуваат ниту СДСМ ниту ВМРО – ДПМНЕ и нагласи дека тој е на граѓаните кои ќе го враќаат кредитот.

Оваа делница ќе овозможи развој на трговијата и економските стоки и услуги, ќе овозможи развој на туризмот во регионот, ќе овозможи побрз, побезбеден и сигурен проток на сообраќајот.

Затворен за сообраќај мостот на река Вардар кај Башино Село од безбедносни причини

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицковски и министерот за транспорт Александар Николоски денеска извршија увид во состојбата со мостот на река Вардар кај Башино Село кој ги поврзува Велес, Чашка, Извор и Богомила. Имено, кој веќе подолг период има видливи оштетувања за што беше побарано стручно мислење од Градежниот факултет. 

Имено, мостот датира од далечната 1971 година и има голема френвенција на возила и тоа на шлепери, полесни товарни возила и комбиња, како и на автомобили. Но, веќе подолг временски период има големи оштетувања, пукнатини, отпаднати заштитни слоеви на бетонот и видлива кородирана арматура на главните носачи, како и оштетувања на средните столбови. Дополнителен ризик по стабилноста на мостот се честите наноси на гранки и друг отпаден материјал кој се заглавува помеѓу средните столбови и предизвикува дополнителен ризик за веќе оштетените столбови.

„Со оглед на сериозните оштетувања и на горниот и на долниот строј на мостот, ризикот по неговата стабилност и носивост и имајќи ги во предвид досегашните искуства со овој вид на мостовски конструкции и високиот ризик кои тие го содржат, добивме препорака од Градежниот факултет дека најприкладно во овој момент е да се забрани секаков вид на сообраќај на овој објект. Од тие причини и со оглед на тоа што овој пат кој во минатото беше локален пат, а со одлука на седница на Влада од 26 март 2019 година е прекатегоризиран во регионален пат наша обврска како Јавно претпријатие за државни патишта е да се грижиме за  безбедноста на оние кои секојдневно поминуваат низ овој мост. Иако беше тешко да се донесе оваа одлука сепак најважна ни е безбедноста на граѓаните и одлучивме да го следиме стручното мислење и да ја следиме препораката за ограничување на сообраќајот на мостот на река Вардар кај Башино село-Велес на регионалниот пат Р1312. Ова значи дека повеќе на овој мост нема да се поминува, односно ќе биде затворен“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. 

Тој додаде дека е веќе отпочната постапка за изградба на нов мост и веќе на 15 јануари ќе биде отворен тендерот со понуди за изработка на проектна документација за новиот мост и ние ќе правиме напори сите процедури поврзани со изградбата на новиот мост да ги забрзаме за да може граѓаните што побргу да добијат нов мост и повторно овој регионален пат да биде ставен во функција. Во меѓувреме ќе се работи и на санација на постоечкиот мост за да не биде долг период блокиран овој витален дел на Општина Велес.