ЈПДП: Завршена претквалификацијата на најподобен Изведувач за изградба на автопатската делница Букојчани – Кичево

Европскиот патен коридор 8 е многу значаен регионален коридор бидејќи поврзува повеќе градови од исток кон запад во државава и повеќе држави во регионот. Токму затоа посветено работиме на изградба и модернизација на овој коридор. Во таа насока известуваме дека проектот за изградба на автопатска делница Букојчани–Кичево, дел од патниот Коридор 8, наскоро може да отпочне.
Имено, Јавното претпријатие за државни патишта, со средства обезбедени со заем од Европската Банка за Обнова и Развој, наскоро ќе ја отпочне изградбата на автопатската делница од Букојчани до Кичево во должина од околу 11,5 км.
Со цел да се изврши избор на најподобен Изведувач за изградба на автопатската делница беше објавен тендер за претквалификација согласно со процедурите за набавки на ЕБОР.

Процесот на претквалификација заврши и претквалификувани се девет фирми, кои добија покана за поднесување на понуди, со краен рок за доставување на понудите до 30.09.2025 година, по што ќе следи детална евалуација на доставените понуди и избор на најподобен Изведувач на градежните работи за изградба на автопатската делница.

Со изградбата на автопатската делница Букојчани-Кичево, како дел од Европскиот патен коридор 8 на ниво на автопат значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување, и ќе се зголемат можностите за економскиот развој.
Постоечката делница на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево проектирана е пред повеќе од 50 години и изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно – диманички услови, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки.
Активностоте, пак за автопатската делница од Гостивар до Букојчани се во тек, Бехтел и Енка веќе работат на изградбата, а засилена градежна активност има и на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, сите дел од Коридорот 8. Со ова ќе има целосно автопатско поврзување од главниот град Скопје до туристичкиот центар Охрид.

Вложуваме во подобро инфраструктурно поврзување на селата и населените места

Јавното претпријатие за државни патишта вложува во подобри патишта и инфраструктура за да ги поврземе селата и населените места, овозможувајќи им полесен пристап до градовите, образованието и здравствените услуги.

ЈПДП за таа цел секоја година изготвува Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта во која предвидува средства се инвестираат во патната инфраструктура преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Еден таков правец за кој се предвидени и инвестирани 40 милиони денари е патниот правец Р2135 Горно Коњаре-Малино-Преод-Свети Николе каде увид во работите извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заменик директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Александар Шуковски…..

Трајановски и Шуковски беа информирани дека е завршена санација на коловозот на најоштетените делови од делницата Сушица-Малино во должина од 1.350 метри и ширина од 4 метри во износ од 15 милиони денари, како и на делницата клучка Преод-село Крушица во должина од 3.100 метри и ширина 4 метри.

Вкупно на овој патен правец од страна на ЈПДП инвестирани се вкупно 40 милиони денари со цел да им се овозможи на жителите на селата и населените места кои гравитираат кон Свети Николе подобро инфраструктурно поврзување.

Исто така, во тек се градежни активности на транзитниот дел од Горно Коњаре во должина од 500 метри и ширина од 4,5 метри. Вредноста на работите на овој потег изнедува 6 милиони денари, а сите наведени градежни активности ги изведува ЈП Македонијапат.

Обновата на локалните патишта и патиштата во руралните средини продолжува

Патното поврзување во руралните средини и во општините на локалната самоуправа не е само технички предизвик, туку и економски и социјален фактор кој влијае на целокупниот развој. Од друга страна, пак, локалните самоуправи имаат ограничени ресурси, па често не можат да финансираат големи инфраструктурни проекти, како што се нови патишта или нивно одржување.

Токму затоа, Јавното претпријатие за државни патишта во Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2025 година предвиде средства кои преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се инвестираат во патната инфраструктура во локалните и руралните средини.

Една таква рурална средина е селото Бучин кое се наоѓа во општина Крушево, и претставува раскрсница помеѓу градовите Крушево, Демир Хисар, Битола и Прилеп бидејќи низ него поминува асфалтен пат кој ги поврзува. Тоа е патниот правец Р2339 кој ги поврзува и Ново Лагово-Обршани-Бучин-Граиште.

На овој патен правец во тек се градежни активности за санација на  коловозот со нов асфалтен слој и со претходно крпење на поголеми слегнати и ударни дупки на делницата од Бучин кон село Света во должина од 5.200 метри и со ширина од 5,6 метри. Предвидената вредност за санација изнесува 30 милиони денари, а градежните активности ги изведува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Патното поврзување помага во спречување на изолацијата на руралните заедници, а добро поврзаните рурални области се поатрактивни за инвеститорите, што може да доведе до подобри услови за локален развој, како што се нови работни места и економски можности.

Направена е комплетна санација на трупот на патот P1306, делница Прилеп-Крушево (кај Славеј)

Имено, Јавното претпријатие за државни патишта отпочна санација на патот P1306, делница Прилеп-Крушево (кај Славеј) во должина од 920 метри при што беше комплетно саниран трупот на патот со изработка на камени колови Ф800, поставување на геотекстил и геокомпозит, изработка на насип од кршен камен, изработка на тампон и поставување на асфалтни слоеви БНС 22 сА и АБ 16 и се изврши изработка на преодни плочи на објекти.

Увид на лице место во завршената работа изврши директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со заменик директорот на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Александар Шуковски, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, како и советници од општините Крушево и Кривогаштани.

Трајановски поразговара и со месното население кое секојдневно го користи овој патен правец при што заедно констатираа дека станува збор за мал зафат, со кој е завршена голема работа затоа што безбедноста на учесниците во сообраќајот секогаш е на прво место.

Инаку, вредност на проектот кој го изведуваше Стентон Градба-Битола, а надзор вршеше ГЕИНГ, беше 1,4 милиони евра.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО ПРАВНИ ЛИЦА ЗА ПРОДАЖБА, ДИСТРИБУЦИЈА И НАПЛАТА НА ПАТАРИНА СО УРЕДИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНА (ТАГ)

Јавниот повик за склучување на договор со правни лица за продажба,дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (ТАГ) може да се погледне тука.

Прилог 1 – Техничката спецификација на микробранови транспондери (ТАГ) за електронска наплата на патарина може да се превземе тука.

Прилог 2 – Техничката спецификација за апликативен софтвер може да ја погледнете тука.

Направена е времена интервентна санација на оштетениот коловоз на клучките кај Белви и кај Хиподром

Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период се посвети на клучките околу главниот град каде што имаше големи оштетувања.

Па така, преку ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, т.е. Македонијапат, извршивме санација на оштетениот коловоз на клучката кај Белви и клучка Хиподром.

Имено, изминатиов период поради прекумерното оштетување на коловозт беше всушност извршена времена интервентна санација од причини што поради големите оштетувања беше доведена во ризик безбедноста на учесниците во сообраќајот. Со нивното санирање ја вративме безбедноста во сообраќајот. Големите ударни дупки повеќе не се опасност и оваа извршена санација ни дава простор и време да се посветиме на проектот за рехабилитација на клучката за кој е веќе даден налог за изработка, проект кој ќе биде за трајна рехабилитација и санација на целата заобиколница на Скопје вклучително и исклучувањата/вклучувањата на неа.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта  Коце Трајановски утрово заедно со градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и во присуство на заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и раководителот на одделот за поддршка на директорот Љуљзим Шаќири извршија проверка над сработеното во изминатиов период кога се санираа оштетувањата.

„Санирањето е по наш налог (на ЈПДП), а го изведе ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, т.е. Македонијапат. Извршена е санација на најоштетените делови на клучката Белви и на клучката Хиподром. На клучката Белви санирани се: кракот за исклучок од Скопје  кон Илинден и кракот од Белви кон Скопје. На клучката на Хиподром, пак, санирани се делот од коловозот на клучката, кракот за приклучок кон обиколницата од страна на Миладиновци и кракот за исклучок од обиколница  кон Куманово. Вкупно се санирани 21.000 м2 и вградени се 4.500 тони асфалт. Вредност на работите е 57 милиони денари обезбедени во програмата на ЈПДП. Им благодарам за констуктивната соработка на Општина Илинден како и на ЈП Македонијапат за завршената санација. Продолжуваме и понатаму со времена интервентна санација онаму каде што има потреба од тоа.“-изјави директорот на  Јавното претпријатие за државни патишта  Коце Трајановски.

Решение за именување и кратка биографија на избраниот кандидат по објавениот Јавен повик бр. 05/2025 за член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта.

Решението за именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавното претпријатие за држани патишта може да го погледнете тука.

Кратката биографија на избраниот кандидат по објавен Јавен оглас бр. 05/2025 за член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта може да ја погледенте тука.

Трајановски: Граѓаните од денеска на подделницата 3 може да возат по првите километри автопат на Кичево-Охрид

Пуштени во употреба првите километри на подделницата 3 од автопатот во изградба Кичево-Охрид. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, како и бројни советници, пратеници и граѓани, беа присутни на ставањето во функција на дел од автопатот кој е крвоток на патната инфраструктура и значително ќе го олесни пристапот до главните туристички центри Охрид и Струга.

„Денеска, кажано фигуративно, почнуваме да го гледаме светлото на крајот на тунелот и да го гледаме изгрејсонцето на брегот на нашиот Охридски бисер. До него веќе ќе стигнуваме и преку првите километри автопат, а ќе направиме сѐ што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат иако сѐ уште пред нас има големи предизвици. Од Требеништа до Охрид ќе се вози по левата страна под времен режим на сообраќај додека на десната страна се работи интензивно со цел да се стави и тој дел во функција. Изградбата на автопатската делница е најважниот потег за развојот на стопанството и туризмот во регионот и земјава и тоа е мотив плус да продолжиме со засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.“-рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Во моментов и на останатите подделници градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно со новиот динамички план за изградба на автопатот. Забрзано се градат и пристапните патишта од Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и на пристапен пат до село Горенци, село Оровник и Мешеишта. Изградбата на овие пристапни патишта е многу важна затоа што од нивната изградба зависи и пуштањето на делот од автопатот од Климештани до Охрид.

Одлука за извршен избор на кандидати по јавен оглас број 1/2025 за вработување на неопределено време на работници – помошно технички лица по оглас број 1/2025

Одлуката за извршен избор на кандидати по јавен оглас број 1/2025 за вработување на неопределено време на работници – помошно технички лица по оглас број 1/2025 може да ја преземете во pdf формат тука.

Мостот на река Вардар кај Башино село комплетно саниран и ставен целосно во функција

Мостот на река Вардар кај Башино село комплетно е саниран и ставен целосно во функција, а на терен во ова се уверија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со премиерот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Велес Марко Колев, како и пратениците од регионот, но и професорите од Градежниот факултет.
Овој мост кој е од витално значење затоа што поврзува повеќе населени места, односно ги поврзува Велес, Чашка, Извор и Богомила, и низ кој секојдневно има голема фреквенција на возила и тоа на полесни товарни возила и комбиња, на автомобили, но и на шлепери, подолг временски период имаше видливи оштетувања. Загрижувачката состојба со мостот кој е изграден далечната 1971 година беше причина ЈПДП да побара стручно мислење од Градежниот факултет, од каде на почетокот на годинава беше наложено да се затвори и итно да се санира.

Во почетокот на годинава мостот беше затворен за секаков вид на сообраќај, а подоцна ставен на времен режим на сообраќај пришто паралелно се изведуваа и санационите работи.
„По констатирањето на оваа неповолна состојба која во почетокот резултираше со времено затворање на мостот за секаков вид на сообраќај засукавме ракави и започнавме активности за негова санација, но и активности за следење на состојбата со мостот затоа што заради неговата стратешка важност не можевме да си дозволиме долго време да стои затворен. Едно големо благодарам на професорите на Градежниот факултет во Скопје кои помогнаа да биде монтирана најсовремена опрема под самиот мост, која врши мониторинг 24 часа, и секое движење по мостот се евидентира, на Изведувачот на работите „Синтек инженеринг“ ДООЕЛ Скопје кој работите ги започна на 21 март, кој работеше забрзано и кој ги исполни нашите очекувања и еве денес веќе имаме саниран и безбеден мост“.-изјави во оваа прилика директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Движењето на мостот се одвива во двата правци, но и натаму останува внимателно да се одвива сообраќајот за тешките товарни возила кои секојдневно поминуваат и најмногу го оштетуваат.
При градежните работи се третираше долниот дел од мостот, се постави нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третираше мостот од внатре. Се работеше на нивна заштита, се направи армирање на носачите на мостот коишто беа оштетени и се изврши нивно наново бетонирање, како и зајакнување од нивната долна страна. Се правеа активности за челичење елементи со што се зацврстија столбовите, и се поставија челични врски на столбовите, со што беше Реконструкцијата на мостот беше финансирана од ЈПДП, а проектот беше во вкупна вредност од 29.045.170,18 денари или околу 472.000 евра со ДДВ.

Оваа завршена санација на мостот кај Башино Село треба да му го продолжи неговиот век на користење за 5 до 10 години.