Трајановски: „Градиме подобри патишта, за побезбедна иднина!“

Патиштата не се само линии на карта – тие се врски кои носат развој, трговија и безбедност. На Конгресот посветен на патната инфраструктура на кој се разговараше за иднината, за модерното планирање, новите технологии, вештачктаа интелигенција и одржливото управување, а во организација на Друштвото за патишта, учествуваше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Тој потенцираше дека годинава ЈПДП со инвестиции од над 500 милиони евра, реализираше значајни проекти и ги пушти во употреба експресните патишта Крива Паланка–Страцин, Градско–Дреново, како и 37 км од автопатот Кичево–Охрид. Трајановски говореше и за новите проекти, односно рече дека ЈПДП работи на нови делници, реконструкции и технички решенија за втората фаза од изградбата на автопатот Скопје–Блаце, на новите автопати кои се дел од Коридорот 8 кои ги гради Бехтел и Енка, како и на други регионални врски.

Се осврна не само на градбата  на нови патишта туку рече дека ЈПДП вложува напор да инвестира и во редовно и превентивно одржување на патиштата, преку системот РАМС, кој овозможува паметно планирање и следење на состојбата. Превентивното одржување значи побезбедни патишта и пониски трошоци – до 50% заштеда.

Нашата цел е јасна: модерна, функционална и безбедна патна мрежа која ги поврзува луѓето и ги отвора можностите.

ЈПДП работи на решение за подобрување на инфраструктурното поврзување на Општина Неготино со автопатот А1 и на регионалното поврзување со Кавадарци

Со цел да се овозможи брз и безбеден пристап од и кон автопатот А1, како и поврзување со централното градско подрачје на Неготино, Јавното претпријатие за државни патишта работи на решение за изградба на инфраструктурна градба, излез од Автопат А1, делница од кружен тек кај стар пат 103 за Гевгелија, магистрална улица „Железничка“, до кружен тек на улица „Маршал Тито“, Општина Неготино.

Проектот е заедничка идеја и ќе биде заедничка реализација помеѓу ЈП за државни патишта и Општината Неготино. Токму ова беше целта на теренскиот увид на локацијата од страна на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски со неговиот тим и градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов со секретарот на општината Марија Нацева и општинскиот тим.

Инаку, предвидена должина на инфраструктурната градба е 1.54 км и со проценета вредност од 1.8 милиони евра. Во таа насока, во тек е постапка за избор на економски оператор за изградба, а градежните активности се очекува да започнат во почетокот на 2026 година.

Имено, постојната состојба на делницата од излезот на автопат А1, кој е дел од Коридорот 10, преку кружниот тек кај стариот пат 103 за Гевгелија, магистралната улица „Железничка“, до кружниот тек на улица „Маршал Тито“ во Општина Неготино, не ги задоволува сообраќајните потреби.

 

Поради недоволно прилагодени технички елементи и бројни конфликтни точки, оваа делница не ги исполнува минималните стандарди за безбедно и ефикасно одвивање на сообраќајот.

Со изградба на новата инфраструктурна градба на истата траса, ќе се овозможи:

  • Брз и безбеден пристап до и од автопатот А1,
  • Подобро поврзување со централното градско подрачје,
  • Зголемена безбедност во сообраќајот,
  • Олеснет транспорт на стоки и услуги.

Оваа интервенција ќе придонесе за економски развој на Општина Неготино и поширокиот регион.

Исто така, во овој регион предвидена е и рехабилитација на регионалниот пат Р1103, Кавадарци – Неготино, во должина од околу 10 км и со проценета вредност од 6–7 милиони евра, проектот кој што ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај меѓу двете општини, но и изработка на проектна документација во 2026 година за изградба на експресен пат што ќе ги поврзува двата града и што ќе значи подобра транспортна поврзаност и економски развој на регионот.

Во подготвка нов патен јазол кај Јурумлери, санација на Р1106 и Р1102 што ги поврзува Јурумлери-Драчево и Маџари-Ржаничино, како и санација на мостот преку Вардар што ги поврзува Јурумлери и Долно Лисиче

Планираниот патен јазол Јурумлери е дел од автопатот А4 и ќе овозможи директна врска на населените места Јурумлери и Илинден со Скопје, Велес и Гевгелија. Локацијата е меѓу постојните јазли Хиподром и Мралино, каде веќе постои натпатник што ќе се искористи во новата инфраструктура. Увид на терен извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски при што нивните тимови ги информираа за планираните активности.

Дел од овој патен триаголник е и регионалниот пат Р1102, поточно делницата Маџари–Ржаничино која што е долга околу 14 км. И за неа е планирано  проширување на патот, подобрување на геометриските елементи и изградба на кружни текови кај раскрсниците во Јурумлери и Идризово, со цел зголемување на безбедноста и проточноста на сообраќајот.

Во тек е подготовка на тендерска документација за избор на проектант, а проектната документација се очекува да биде завршена до почетокот на 2027 година.

Имено, за патниот јазол Јурумлери ќе се изработи проектната документација, а изградбата ќе овозможи подобар пристап, намалување на сообраќајниот метеж и зголемена безбедност. Во тек е јавна набавка за избор на проектант, а документацијата се очекува да биде готова во текот на 2026 година.

ЈПДП планира и рехабилитација со проширување и на дел од регионалниот пат Р1106, делница Јурумлери–Драчево која е долга околу 4 км, и која е дел од регионалниот пат Р1106. Покрај планираната рехабилитација со проширување на патот, ќе се постави и нова сигнализација, како и изградба на пешачко-велосипедски патеки онаму каде што тоа ќе го дозволуваат теренските услови.

Во врска со овој проект, во тек е подготовка на тендерска документација за избор на проектант за изработка на Основен и Урбанистички проект. Проектната документација се очекува да биде завршена до крајот на 2026 година.

Сите наведне и планирани проекти ЈПДП ги презема со цел на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Овие делници се високофреквенти и по нив се одвива не само патнички туку и товарен сообраќај и затоа покрај безбедноста со преземањето на наведените проекти ќе се овозможи и растеретување на Р1102 кој води кон Јурумлери и Хиподром, потоа граѓаните од околните места ќе можат полесно да се исклучуваат и вклучуваат на  автопат/обиколница со што ќе се намали гужвата, но и ќе се подобри пристапот до главните сообраќајници.

ЈПДП врши санација на потпорен ѕид на потпатник на скопската обиколница

Поради покажани деформации и пукнатини на потпорен ѕид на еден потпатник на скопската обиколница на државниот пат А2, Јавното претпријате за државни патишта презема активности за нивна санација. Овие состојби најверојатно се настанати поради неефикасна дренажа која доведува до заситување со вода од насипот, особено по обилни врнежи.

Увид во работите извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски со неговиот тим, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски  и пратеникот Бојан Стојаноски.

Согласно со проект предвидено е репроектирање на површинскиот канал за насочување на водата кон пропустот; чистење на постоечкиот пропуст; реконструкција на централната дренажа во телото на патот; реконструкција на левата дренажа; отстранување на постојната, вклучително и шахтите, и поставување нова линија со цевки; реконструкција и рехабилитација на коловозната конструкција; санација на пукнатини на крајниот столб на потпатникот со инектирање; изведба на дополнителни барбакани за дренажа на водите од телото на насипот, итн.

Изведувач на работите е ВАТО, а Надзор е ГЕИНГ.  Договорната вредност на проектот со 18%ДДВ е 18.486.234,00 денари.

За време на изведбата на градежните активности за санација во траење од 12 месеци од страна на Министерството за транспорт и од МВР одобрен е времен режим на сообраќај.

ЈПДП: Во план е проектно решение за да се дооформи патниот јазол Брвеница

Со цел изнаоѓање на економски најприфатливо и најефикасно, а истовремено и најбезбедно решение за дооформување на патниот јазол Брвеница на терен излегоа директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Бвреница Јовица Илиевски заедно со нивните стручни тимови од ЈПДП и од општина Брвеница.

Патниот јазол Брвеница е дел од патната мрежа на државниот пат А2 на делницата Скопје -Тетово – Гостивар. Од северната страна на автопатската делница изведен е дел од патниот јазол за исклучување од Скопје кон Брвеница и приклучување од Брвеница кон Гостивар.

За да се дооформи патниот јазол Брвеница, се планира проектно решение од јужната страна со кое ќе се овозможи исклучување од Гостивар кон Брвеница и приклучување од Брвеница кон Скопје.

На овој начин, ќе се надмине повеќедецениски проблем во регионот за поврзување на Брвеница и околните населени места со постоечкиот автопат А2 кон Скопје. Исто така,  новото приклучување ќе овозможи растеретување на сообраќајот низ самиот регион и околните населени места, а со тоа ќе се влијае на подобрување на условите за живот на жителите, како и на зголемување на безбедноста и проточноста на сообраќајот.

СЛЕДИМЕ ПРОГРЕС: Санација на мост над река Вардар (кај село Здуње)

Јавното претпријатие за државни патишта врши санација на мостот над река Вардар (кај село Здуње) на државниот пат А2, делница Гостивар – Стража.

Имено, состојбата со овој 50 метарски мост веќе поодамна наложува негова итна санација заради негово зацврстување со што ќе се зголеми неговата безбедност, како и безбедноста на учесниците во сообраќајот кои гравитираат на овој патен правец.

Станува збор за коловоз кој е широк 8 метри и 1,20 метри тротоари, за кои во проектот е предвидено да бидат комплетно санирани. Изведувачот над работите ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар и надзорот ГЕИНГ ДОО Скопје веќе имаат изведено околу 50 % од градежните активности и во моментов се работи на левата страна на мостот во правец од Гостивар кон Стража при што:

  • се работи на долниот строј на мостот
  • се санира левиот главен носач
  • се врши бетонирање на дел од секундарните носачи
  • се санира горната бетонска плоча на мостот по што ќе следи нанесувае на нов слој на асфалт, итн.

По завршување на активностите на левата страна ќе се продолжи со активности на десната страна.

 

Во моментов заради градежните активности има времен режим на сообраќај и со оглед на фреквентноста на овој патен правец ЈПДП апелира за внимателно следење на сообраќајната сигнализација како и за трпение.

Инаку, вкупната вредност на проектот за санација на мостот над река Вардар (кај село Здуње) на државниот пат А2, делница Гостивар – Стража изнесува 41.149

 

„Градиме иднина – Коридорите 8 и 10д се реалност“

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со тимот од проектната единица на ЈПДП и Изведувачот изврши увид во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар кој го гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Коридорите 8 и 10д се реалност и со нивната изградба правивме важен чекор кон модерна и безбедна патна инфраструктура. Нашата цел е јасна – поврзување на регионите и државите преку автопатишта кои ќе значат економски развој и европска перспектива.

Изведувачот, американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, има активни градежни работи на трите делници, а на делницата Тетово–Гостивар откако се започнати градежните активности на терен има видлив напредок и до сега:

    • Се извршени ископувања на околу  150.000 м3 земја, вградени се 310.000 м3 материјал за пополнување, произведени се 2.500 м3 бетон за завршување на работи на автопатската делница.
    • На делниците 1 и 2 моментално работат околу 1200 лица и вклучени се повеќе од 750 различни машини и механизација, а во наведните бројки се вклучени и подизведувачите Во моментов 60% од снабдувачите и 90% од подизведувачите се домашни компании
    • Досега непречена работа е овозможена на должина од околу 9 км од 17,5 км на делницата Тетово-Гостивар.

Коридорите 8 и 10д не се само патишта – тие се нашата врска со регионот, Балканот и Европа. Со изградбата на новите делници ја градиме иднината што ја заслужуваме.

 

ЈПДП: Ја подобруваме патната инфраструктура и реализираме неколку значајни градежни активности во општина Делчево

Во општина Делчево се реализираат неколку значајни градежни активности финансирани од Јавното претпријатие за државни патишта. Со цел увид во тековните активности, директорот на ЈПДП Коце Трајановски заедно со неговиот стручен тим, со заменик директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Александар Шуковски и неговиот стручен тим, како и во присуство на пратеникот Драган Ковачки и советникот во општина Делчево Иван Гоцевски извршија обиколка на терен, каде што се работи на реконструкција и изградба на патна инфраструктура.

Се работи на санација на делови од регионалните патишта Р1302 (излез од Делчево кон Пехчево), Р2341 (Делчево – село Габрово), како и на девијацијата кај Црквенска река, каде што паралелно се изработува и проект за санација на оштетениот мост.

Во Програмата за 2025 година, ЈПДП предвиде 20 милиони денари за санација на дел од патот Р1302, на површина од 10.200 м². Работите вклучуваат гребење на стариот коловоз и вградување на нов асфалтен слој со вкупна количина од 1.400 тони.

За делницата Делчево – село Габрово (Р2341), планирани се 22 милиони денари. Ќе се постави нов асфалтен слој од 2.120 тони на површина од 12.500 м², со изградба на банкини од двете страни на коловозот.

Со цел непречено одвивање на сообраќајот до целосна санација на мостот кај Црквенска река, се инвестираат 6 милиони денари за тампонирање и асфалтирање на девијацијата. Во моментов е во тек изработка на проектната документација за санација на мостот.

Изведувач на сите градежни активности е ЈП „Македонијапат“. Вкупната инвестиција на ЈПДП за патната инфраструктура во Делчево за 2025 година изнесува 48 милиони денари.

Исто така, годинава во овој регион ЈПДП планира да инвестира 155 милиони денари во делницата од државниот пат А3, Звегор (Делчево) – Граничен премин со Република

Бугарија, која е во многу лоша состојба, но наскоро ќе добие нов лик бидејќи есенва започнуваат градежните активности.

Со рехабилитацијата на оваа делница во должина од околу 5,3 км, ќе се овозможат подобри услови за одвивање на сообраќајот – побезбеден, економичен и тековен проток на возила.

Проектот опфаќа целосно стругање на постоечкиот асфалтен коловоз и поставување на нов асфалт: околу 31.000 м² прв слој, и околу 55.000 м² завршен слој. Дополнително, на критичните косини ќе се изврши кавање и растеретување од нестабилен карпест материјал, ќе се постави заштитна челична мрежа, како и нова сообраќајна сигнализација и опрема на патот.

Ова е значаен чекор кон подобрување на патната инфраструктура и безбедноста на граѓаните.