ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2026 за вработување на работници во Проектна единица за спроведување на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 ( делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија

ЈАВНИОТ ОГЛАС бр.1/2026 за вработување на работници во Проектна единица за спроведување на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 ( делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија може да го превземете на следниов линк.

План за управување со биолошката разновидност (ПУБР), делница „Букојчани – Кичево“

Документ и Додатоци:

Трајановски: Интензивни активности за стабилизација на косинини на автопатот Кичево–Охрид

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски извршија увид во градежните активности на автопатот Кичево–Охрид кадешто во моментов на Секција 4, интензивно се работи на стабилизација на косини.

Во оваа фаза се изведуваат правоаголни противлизгачки колови 3 ×2  метри, кои се на длабина од околу 20 метри и се клучен дел од мерките за стабилизирање и обезбедување на косината.

„За реализација на оваа сложена операција се користи современа, специјализирана механизација. За подигнување и поставување на арматурниот кафез се употребува кран, со номинална носивост од 110 тони.“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и додаде: „Постапката се спроведува во неколку последователни фази. По завршувањето на дупчењето и подготовката на дупнатината, арматурниот кафез се подигнува и се поставува со кран. Потоа следува последната фаза-бетонирањето на колот.“

Овие активности се од исклучително значење за стабилизацијата на теренот и за безбедно продолжување на изградбата на автопатот Кичево–Охрид. Станува збор за сложен градежен зафат што бара висока прецизност, примена на соодветна технологија и ангажирање специјализирана механизација.

Очекуваме работите на оваа делница да продолжат со засилена динамика, со цел сите предвидени активности да бидат реализирани во согласност со проектната документација и утврдениот распоред за изградба.

 

Трајановски: Интензивни активности за стабилизација на косинини на автопатот Кичево–Охрид

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски извршија увид во градежните активности на автопатот Кичево–Охрид кадешто во моментов на Секција 4, интензивно се работи на стабилизација на косини.

Во оваа фаза се изведуваат правоаголни противлизгачки колови 3×2  метри, кои се на длабина од околу 20 метри и се клучен дел од мерките за стабилизирање и обезбедување на косината.

„За реализација на оваа сложена операција се користи современа, специјализирана механизација. За подигнување и поставување на арматурниот кафез се употребува кран, со номинална носивост од 110 тони.“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и додаде: „Постапката се спроведува во неколку последователни фази. По завршувањето на дупчењето и подготовката на дупнатината, арматурниот кафез се подигнува и се поставува со кран. Потоа следува последната фаза-бетонирањето на колот.“

Овие активности се од исклучително значење за стабилизацијата на теренот и за безбедно продолжување на изградбата на автопатот Кичево–Охрид. Станува збор за сложен градежен зафат што бара висока прецизност, примена на соодветна технологија и ангажирање специјализирана механизација.

Очекуваме работите на оваа делница да продолжат со засилена динамика, со цел сите предвидени активности да бидат реализирани во согласност со проектната документација и утврдениот распоред за изградба.

План за откуп на земјиште и преселување (ПОЗП), Автопат А4, Блаце–Скопје, Подделница 2 – Изградба на автопат од клучката со локален пат за с. Блаце (клучка „Блаце”) до Скопје (клучка „Стенковец”), km 2+000 до km 12+250.

 Планот за откуп на земјиште и преселување (ПОЗП), Автопат А4, Блаце–Скопје, Подделница 2 – Изградба на автопат од клучката со локален пат за с. Блаце (клучка „Блаце”) до Скопје (клучка „Стенковец”), km 2+000 до km 12+250 може да го преземете во pdf формат тука.

  • Покана за Јавна презентација на ПЛАН ЗА ОТКУП НА ЗЕМЈИШТЕ И ПРЕСЕЛУВАЊЕ (ПОЗП) за проект за изградба на Автопат А4, Блаце–Скопје, Подделница 2, од клучката со локален пат за с. Блаце (клучка „Блаце”) до Скопје (клучка „Стенковец”), km 2+000 до km 12+250 тука.
  • ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА / ПОЗП, 24.09.2026 година
    1. Резиме од настанот
    2. Презентација

 

 

 

Трајановски: „Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии на комплексен ридско-планински терен кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите!“

„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово.“, изјави на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце, директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски.

Тој уште рече дека финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски во својот говор се осврна и на техничките карактеристики на автопатот кој ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри, и додаде: „Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите! Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови и. Рокот на изградба е 4 години. Рокот на изведба е четири (4) години. Автопатот Скопје – Блаце ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата, додека постојниот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и останатите граѓани.“, рече Коце Трајановски директорот на ЈПДП кој е главен носител на проектот за изградба на автопатот

На поставувањето на камен темелникот присутни се премиерите на Македонија и Косово, Мицковски и Курти, како и ресорните министри за транспорт, но и други бројни политичари, владини функционери, пратеници, амбасадори и директори.

ЈПДП: Редовната координација клучна за успешна реализација на Проектот за изградба инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10Д

Денес се одржа редовен неделен состанок со страните вклучени во реализацијата на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10Д, како дел од континуираната координација неопходна за успешно спроведување на проектните активности.

На состанокот присуствуваа претставници на сите учесници во реализацијата на Проектот: проектната единица за имплементација при ЈПДП, изведувачот, надзорот и техничката помош за поддршка на проектот.

На состанокот се договараат рокови и се решаваат постоечки пречки и дилеми во работата. Исто така  се разменети информации за тековниот статус на проектните активности, теренските активности, достапноста и обемот на извршените работи, капацитетите за реализација на планираните активности, како и за актуелните предизвици и следните планови.

Ваквите состаноци се одржуваат најмалку еднаш неделно, а по потреба и почесто, што е од особено значење за навремена размена на информации, усогласување на активностите меѓу сите вклучени страни и поефикасно следење на реализацијата на Проектот за инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10Д. Ваквиот пристап придонесува за навремено идентификување и надминување на предизвиците, како и за обезбедување континуитет и ефикасност во спроведувањето на проектот.

 

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река

Со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на конструкцијата на мостот на Маркова Река на регионалниот пат Р1106, кој се наоѓа во Кисела Вода, на влезот во Драчево, Јавното претпријатие за државни патишта започна со негова санација.

Во таа насока,  увид во градежните работи извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Градежните активности се одвиваат забрзано и со темпо кое е прилагодено на летниот период кога сообраќајот се одвива со намален интензитет, со цел да се минимизира застојот и влијанието врз учесниците во сообраќајот.

Градежните работи, пак, опфаќаат санацијата на горниот строј на мостот, при што ќе се изврши отстранување на постојните дилатациони фуги, сливници, асфалт, ограда и тротоари. Потоа, ќе се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, асфалтирање, како и изградба на нови тротоари и поставување на нова ограда.

Градежните работи ги изведува Друштвото за градежништво и проектирање „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, с. Бразда, додека надзорот го врши Друштвото за управување со проекти „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Средствата за санацијата се обезбедени од средства на буџетот на ЈПДП, а издвоената вредност изнесува 4.619.800,00 денари без ДДВ.

Рокот за изведба на работите е согласно со Договорот, а во консултација со Изведувачот, завршувањето се очекува во почтокот на месец септември.

Јавното претпријатие за државни патишта, се грижи за безбедноста и одржувањето на повеќе од 1.100 мостови на државните патишта на целата територија на државата. Следејќи ја состојбата на мостовите, повремено се создава потреба од одржување на горниот строј на мостовите, односно потреба од нивна промена заради пропаѓање на најлесно расипливите делови – дилатации, асфалт и другите негови елементи со цел зајакнување на нивната безбедност и сигурност на учесниците во сообраќајот.

За време на изведувањето на работите, сообраќајот ќе се регулира со поставување светлосна сигнализација, при што возилата ќе се движат наизменично во една сообраќајна лента.

Потпишан договор за грант за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и директорот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Фатих Туркменоглу, во Владата потпишаа Договор за грант.

„Денеска потпишуваме грант меѓу ЈПДП и ЕБОР, за грант кој е дел од рамката за инвестиции на ЕУ-Западен Балкан во висина од 30,8 милиони евра и заем од 167,6 милиони евра за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Патот што ќе се гради е во должина од 10,5 километри, а со претходно направените 1,5 км, вкупната должина на автопатот е 12 км. Вкупната ширина пак е 24.5 метри. Овој пат треба да ги приближи граѓаните меѓу Македонија и Косово. Инвестицијата има витална улога во економскиот и социјалниот развој на североисточниот регион на земјата и го олеснува меѓународниот транспорт и трговија во регионот.“- изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски пред потпишувањето на грантот.

Потпишувањето на Договорот за грант помеѓу Јавно претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во врска со инвестициски грант од Заедничкиот фонд на Европа и Западен Балкан за (Проект за автопат TEN-T, граница помеѓу Македонија и Косово), е всушност договор за Инвестициски грант за комплетирање на финансиската конструкција за изведба на проектот за израдба на автопатот Скопје (клучка Стенковец) до граничниот премин Блаце во должина од околу 10,5 км.

На свеченото потпишување присуствуваа и се обратија и претседателот на Владата на РСМ, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Влада, Александар Николоски, како и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас.

Инаку, автопатската делница Скопје-Балце ќе започнува од клучката Стенковец, а ќе завршува до клучката во атарот на с. Блаце. Предвиденото автопатското решение ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти за возење со ширина од по 3,5м и по една лента за застанување од 2,5м. Вкупната проектирана ширина на автопатот ќе изнесува околу 24.5м. Заради спецификите на теренот кој е ридско планински и е дел од масивот на Скопска Црна Гора, во рамки на автопатската траса се проектирани за изградба се поголем број на објекти: 11 потпатници, 8 мостови, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови и 5 тунели со лева и десна цевка.

Со обезбедувањето на овој заем како и неповратниот инвестициски грант и со изградбата на автопатот Скопје-Блаце значително ќе се скрати времето на патување, ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, а ќе се намалат и трошоците за одржување на возилата.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА НАПЛАТНИТЕ СТАНИЦИ

Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ.

Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:

  • електронска наплата (MTAG / MCARD)
  • готовинско плаќање (CASH)

Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:

  • зелена стрелка – означува активна (отворена) лента
  • црвен икс (X) – означува затворена лента

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.

Ова известување се објавува со цел благовремено информирање и прилагодување на корисниците кон измените во системот за наплата.