Напредуваат работите за отстранување на опасните карпи на експресниот пат Фариш-Дреново

За време на градежните работи на втората фаза Фариш – Дреново од изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, беа забележани пукнатини на две опасни карпи високи околу 70-тина метри, од кои едната се наоѓа над веќе изградениот мост од левата страна, што претставува потенцијална опасност од евентуално уривање на мостот.

Токму затоа, ЈПДП заедно со Изведувачот и Надзорот преземаа активности за санација и стабилизација на косините долж трасата на експресниот пат, кои се активно зафатени од процесот на ерозија, односно се започна процес за нивно ублажување, со цел нивна стабилизација, како и активни мерки за заштита од ерозија.

Сепак, процесот на отстранувањето на карпите е опасен и ризичен и од тие причини мора да е строго контролиран. Имено, кршењето на карпите се врши со отстранување на мали парчиња слој по слој.

Со оглед на тоа дека ова е многу специфичен и несекојдневен процес при изградба на патишта на карпест предел каков што е пределот на втората фаза од експресниот пат Фариш-Дреново преку слика и збор Ви ја приближуваме оваа операција.

За кршење на опасните карпи се користат специфични машини и уреди кои користат хидрауличен притисок за да прошират приклучок поставен во издупчена дупка, создавајќи затегнувачко кршење на карпата.

Овие машина генерално се користат онаму каде што не е дозволено минирање како што е во овој случај.

Фрагментите од карпите кои се кршат внимателно се спуштаат на патот за да не се оштети, а по завршувањето на кршењето ќе се постави заштитна ограда за да се спречи паѓање на мали фрагменти на мостот.

Едната карпа е веќе безбедно отстранета и следува процес на поставување на заштитна мрежа, а другата локација е оваа што ја гледате, каде работите течат бавно поради ризичноста од самата изведба.

Имено, позицијата на карпата е 55 метри над мостот, а работниците се подигнуваат со телескопски кранови на безбедносни платформи што се закотвени на безбедната страна од карпата и во текот на целото време се врзани за безбедносни појаси.

ЈПДП: Завршени градежните работи на Р1104 транзит Куманово

Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат) и Општина Куманово ги завршија градежните работи на рехабилитацијата на дел од регионалниот пат Р1104 транзит Куманово (улица Никола Тесла).

Саниран е коловоз во должина од 1,4 км со променлива ширина од 6.5 до 9 метри, односно околу 10.000м2. Дополнително Општина Куманово изврши санација на водоводната и фекалната мрежа во овој дел од регионалниот пат.

За санацијата беа издвоени 20 милиони денари обезбедени преку  Годишната програма за оддржување и заштита на државните патишта на ЈПДП и ЈП Македонија пат.

Пред истекот на рокот ја завршивме санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на делницата Демир Капија – Смоквица, дел од автопатот А1

Јавното претпријатие за државни патишта викендов (31.05.2025 год., сабота) го пушти во нормален режим сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица каде што се вршеше санација на тунелите Демир Капија 1 и 2 кои се дел од автопатот А1.

Изведувачот на работите Синтек инженеринг под надзор на ГЕИНГ пред рок ја завршија санацијата на тунелите при што изведоа повеќе градежни активности со кои се доби модерен и современ изглед.

Се изврши бојадисување, промена на сите нефункционални светилки, проверка на контролните табли и осветлувањето во SOS говорниците и трафостаниците во тунелот, како и проверка на функционалноста на сите камери во тунелите и надвор од нив.

Со направената санација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2 ја подигнавме безбедноста на сите на учесниците во сообраќајот.

Ги санираме и обновуваме државните патишта кои водат кон руралните средини

Еден таков пат каде што е во тек санација, е регионалниот пат Р2337 на делот од врска со Р1305 (Кичево-Демир Хисар) кон Цер. Се санира коловоз со вградување на нов слој на асфалт во должина од 5.100 метри и ширина од 4 метри. Вредност на работите е проценета на 30 милиони денари.

Исто така, во тек се и градежни активности и изведба на земјани работи (пробивање и рамнење на трасата и ископ на канали) за санација на делот од патот од Цер кон Пуста Река кој е со земјан коловоз, со цел поврзување со Крушево.

Работите ги изведува ЈП Македонијапат, а се реализира преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, каде што се планирани градежни активности на државни патишта кои водат кон рурални средини и кои се со стар и оштетен коловоз.

Трајановски: „Забрзано се работи на санација на мостот на река Вардар кај Башино село“

Мостот на река Вардар кај Башино село изграден далечната 1971 година кој децении наназад опстојувал со видливи оштетувања кои претставуваа опасност по животот на оние кои секојдневно и периодично го користат, и кој  беше и времено затворен, а потоа пуштен со времен режим, од 21 март е во фаза на санација. Токму затоа, директорот на ЈПДП Коце трајановски изврши увид во активностите за негова санација заедно со градоначалникот на Општина Велес-Колев и со пратениците Здравковски и Јамалов, како и со деканот на Градежниот факултет Марковски.

„Овде сме сите заедно за да видиме на лице место како течат активностите за санација на мостот каде што како што гледаме Изведувачот на работите „Синтек инженеринг“ ДООЕЛ Скопје забрзано работи и нашите очекувања се дека работите ќе се одвиваат непречено како и до сега и дека согласно со договорот сѐ ќе биде завршено до 21 јуни годинава. Овој мост ги поврзува Велес, Чашка, Извор и Богомила, односно повеќе населени места, тој е од витално значење затоа што низ него има голема фреквенција на возила и тоа на шлепери, полесни товарни возила и комбиња, како и на автомобили, но за жал веќе подолг временски период имаше видливи оштетувања за што по побараното стручно мислење од Градежниот факултет ни беше наложено да го затвориме и итно да го санираме. Но, по два месеци забрана за сообраќај, мостот повторно беше пуштен во функција, а сообраќајот се одвива само по средната лента каде е најмало оштетувањето на мостот и е регулиран од двете страни со семафор. Важи забрана за сообраќање на камиони потешки од 40 тона, за што имаме асистенција од СВР Велес, односно полициски екипи го регулираат движењето на тешките камиони. Ние на кои им благодариме за асистенцијата и соработката. Воедно им благодарам и на професорите на Градежниот факултет во Скопје кои помогнаа да биде монтирана најсовремена опрема под самиот мост, која врши мониторинг 24 часа, и секое движење по мостот се евидентира.“-изјави директорот на ЈПДП Коце Трајановски по извршениот увид.

Изведувачот на работите информираше дека при градежните работи се третира долниот дел од мостот, се поставува нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третира мостот од внатре. До овој момент завршени се столбовите што имаат карбонски траки, се работи на заштитата одозгора, односно на премачкување со епоксидна смола што исто така е завршено. Се врши премачкување со таканаречен репаратур малтер и сега останува да се направи армирањето на главните носачи на мостот коишто се оштетени и нивно наново бетонирање и зајакнување од нивната долна страна. Изведувачот започнува и со активности за челичење елементи што ќе ги зацврстуваат столбовите, односно ќе следи поставување на челични врски на столбовите, со што би се зајакнала конструкцијата на мостот.

Инаку, реконструкцијата на овој мост е финансирана од ЈПДП, односно Владата, а проектот е вреден 24.614.554 денари или околу 400.000 евра без ДДВ. Санацијата на мостот кај Башино Село првично треба да го продолжи неговиот век на користење за 5 до 10 години.

Санација на длабнатините на дел од автопатот на делницата Велес – Градско

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека е отпочната санација на нерамините долж Коридорот 10 заради зголемување на безбедноста во сообраќајот кој станува значително фреквентен во пресрет на летото и годишните одмори кога нашата земја е една главните транзитни рути на голем број туристи од странство.

Во таа насока, ЈПДП го задолжи ЈП за оддржување и заштита на регионалните и магистрални патишта “Македонија пат” да интервенира и да отпочне со санација на нерамнините на автопатот на делницата Велес – Градско на мостот после бензиската пумпа “Дади”. Санацијата ќе се одвива од двете страни на мостот, влезот и излезот, а исто така ќе се санираат и ударните дупки.

Сакаме да известиме дека претходно ги саниравме и нерамнините на дел од регионален пат Фурка – Дојран, а во текот на денешниот ден ќе се санираат и нерамнините на патот Гостивар-Стража, поточно ќе се санира дел од исклучокот којшто води кон Маврово. И овие градежните активности се изведуваат преку ЈП за оддржување и заштита на регионалните и магистрални патишта “Македонија пат”.

ЈПДП апелира до сите учесници во сообраќајот на наведените патни правци да возат внимателно и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Инвестирањето во нова патна инфраструктура е особено важно, но исто толку важно е и оддржувањето на веќе изградената патната мрежа.

Повик за претквалификација за надзор на изградба на подделница од автопатот на ТЕН-Т рута 6 во должина од 10,5км

Повик за претквалификација за надзор на изградба на подделница од автопатот на ТЕН-Т рута 6 во должина од 10,5км.
Повикот може да се превземе од платформата на ЕБРД-ЕЦЕПП тука.

 

 

Инвестираме и во Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) т.е општините

Јавното претпријатие за државни патишта се грижи и издвојува средства и за рехабилитација на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа, односно општините.

Во таа насока годинава преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, за регионалните патни правци кои транзитираат низ општините Гази Баба и Петровец планирани се 40 милиони денари за рехабилитација на најоштетените делови на делницата Маџари-Идризово-Петровец каде што активностите се отпочнати и се во тек.

Паралелно со започнатите активности во Општина Петровец за санацијата на регионалниот пат се одвиваат и активности за чистење на каналите од двете страни на коловозот долж патниот правец Јурумлери-Петровец.

Овие активности се одвиваат и ги изведува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат).

Наскоро ќе започнеме и со рехабилитација на коловозот низ Горно Коњаре каде што проектираната вредност на работите за санацијата на овој патен правец е предвидена да изнесува 6 милиони денари.

Трајановски: „Отпочнуваме со градежни активности за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, дел од Коридорот 8“

„Не е доволно само постојано да говориме за важноста на Коридорот 8 и за поврзувањето на државата со регионот туку потребно е зборовите да ги преточиме во дела. Денеска говореа делата и покрај градежните активности на делниците Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола кои напредуваат, отпочнуваме со градежни активности и на Тетово-Гостивар.“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на означувањето на стартот на градежните работи на конзорциумот Бехтел и Енка на делницата Тетово-Гостивар

Претседателот на Влада Христијан Мицкоски,  потпретседателите на Владата Николоски, Меџити и Димовски, во присуство на амбасадорката на САД Агелер, пратеници, градоначалници, како и претставници на Бехтел и Енка беа дел од означувањето на стартот на изградбата на автопатската делница Тетово-Гостивар во должина од 17,5 км, дел од проектот за изградба на Коридоритте 8 и 10д кои ги гради конзорциумот Бехтел и Енка.

Веќе се чувствуваат и економските придобивки од градежните активности на конзорциумот затоа што за изградбата на 110те киломтри автопатишта овозможи поголема вклученост на домашните градежни компании во реализацијата на Коридорите 8 и 10д, па така околу 60% од изведувачите на проектот се локални компании, како и повеќе од 90% од подизведувачите. Ова значи раздвижување на економијата и подобрување на инвестициите.

Досега на трите делници завршена е експропријацијата на вкупно 2497 парцели, а градежните активности на делниците Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола напредуваат.

Јавното претпријатие за државни патишта во Годишната програма за 2025 година испланира вкупно 150 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“. Од овие средства, 130 милиони евра се веќе предвидени во државниот буџет за оваа година за американско-турскиот оператор, а дополнително има уште околу 20 милиони евра непотрошени од претходните години.

 

Одлука за извршен избор на кандидат по Интерен оглас број 1/2025 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Јавното претпријатие за државни патишта број 04-3132/7 од 08.04.2025 година

Одлуката за извршен избор на кандидат по Интерен оглас број 1/2025 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Јавното претпријатие за државни патишта број 04-3132/7 од 08.04.2025 година може да ја преземете вo pdf формат тука.