Рустеми: Инвестираме во безбеден и сигурен сообраќај во Коридор 8

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во градежните активности кои се извршуваат на рехабилитацијата на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин, втора фаза.

„Денеска сме овде да го проследиме прогресот во одвивањето на градежните активности на втората фаза на делницата Куманово-Страцин. Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри. Овој проект е финансиран од Буџетот на ЈПДП и неговата вредност е во висина од 7,2 милиони евра. Ќе се изврши рехабилитација на комплетната коловозна конструкција со асфалтирање во два слоја и санација на 3 моста и 10 плочести пропусти. Конечно во блиска иднина ќе заврши маката и голготата за жителите од овој регион, и овој пат којшто е стар 30-тина години ќе биде квалитетно рехабилитиран и реконструиран за да биде долговечен бидејќи овде има фреквенција на тежок соообраќај“, изјави по увидот директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Тој информираше дека во моментов се работи на повеќе локации каде на дел од нив се асфалтира, а на дел се вршат останати градежни зафати. Предвидениот рок за завршување на рехабилитацијата е во август оваа година.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека вкупните средства планирани за доизградба и рехабилитација на целиот Коридор 8 надминуваат 700 милиони евра.

Патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делницата долга 32 километри. Тоа што е значајно е дека значително ќе ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат. Во однос на првата фаза од Куманово до с. Војник, веќе имаме избран фирма изведувач, во фаза е изборот за надзор и очекуваме месец март да започне рехабилитација и на оваа делница, така да заедно со директорот целосно сме фокусирани на модернизација на овој Коридор”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Мината година, пак, беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и со отпочнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион ќе добиеме комплетен Коридор 8 кој ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот.

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена при подготовка на План за инфраструктура и основен проект за државен пат A3, делница Битола – граничен премин Меџитлија

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Сл.весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 39/16, 99/18), Јавното претпријатие за државни патишта, на ден 18.12.2020 година, донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена при подготовка на План за инфраструктура и основен проект за државен пат A3, делница Битола – граничен премин Меџитлија (вкупна должина ~22 km). Целосната Одлука и формуларите може да ги најдете подолу.
Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на ЈП за државни патишта (сметано од 03.03.2021 година).

SEA Формулар

SEA Одлука