Објавен тендерот за комплетирање на изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп, делница Фариш–Дреново

Јавното претпријатие за државни патишта денеска (4.9.2020 г.) го објави Тендерот за комплетирање на изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп, делница Фариш–Дреново, од км 0+000 до км 10+197. Средствата за изградба се обезбедени преку заем од ЕБРД.

Ги известуваме сите заинтересирани страни дека поканата за поднесување на понуди е објавена на web страната на ЕБРД, т.е на Порталот за електронски набави ECEPP EBRD, како и на web страната на Јавното претпријатие за државни патишта (http://www.roads.org.mk/444/5262/javno-pretprijatie-za-drzavni-patishta-objavuva-oglas-za-nabavka-na-gradezni-raboti-).

Краен рок за поднесување на понудите е 03.11.2020 година.

Исто така, сакаме да ја известиме јавноста дека се подготвува и во наредните десeтина дена ќе биде објавен и Тендерот за рехабилитација на магистралниот пат А1, делница Фаришка клисура–Прилеп со должина од 19 км.  И за оваа делница средствата се обезбедени преку заем од ЕБРД.

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА oбјавува оглас за набавка на градежни работи

Јавното претпријатие за државни патишта објавува оглас за набавка на
градежни работи за:

Комплетирање на изградба на експресен пат Градско – Прилеп,
делница Фариш – Дреновo, од км 0+000 до км 10+197

Огласот можете да го преземете во pdf формат тука.