Јавното претпријатие за државни патишта денеска (4.9.2020 г.) го објави Тендерот за комплетирање на изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп, делница Фариш–Дреново, од км 0+000 до км 10+197. Средствата за изградба се обезбедени преку заем од ЕБРД.
Ги известуваме сите заинтересирани страни дека поканата за поднесување на понуди е објавена на web страната на ЕБРД, т.е на Порталот за електронски набави ECEPP EBRD, како и на web страната на Јавното претпријатие за државни патишта (http://www.roads.org.mk/444/5262/javno-pretprijatie-za-drzavni-patishta-objavuva-oglas-za-nabavka-na-gradezni-raboti-).
Краен рок за поднесување на понудите е 03.11.2020 година.
Исто така, сакаме да ја известиме јавноста дека се подготвува и во наредните десeтина дена ќе биде објавен и Тендерот за рехабилитација на магистралниот пат А1, делница Фаришка клисура–Прилеп со должина од 19 км. И за оваа делница средствата се обезбедени преку заем од ЕБРД.