Китанов на терен: Увид во изградбата на експресниот пат Крива Паланка–Ранковце

Изградбата на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце во вкупна должина 25 км. е поделена на две под-делници:

Лот1: Длабочица – Чатал
Должина: 15,5км.
Ширина: 12,50 м.
Вредност: 28 милиони евра
Предвидено е изградба на: 2 клучки („Чатал” и „Ранковци”); 21 ископи во усеци; 23 насипи; 16 цевасти пропусти; 14    плочести пропусти; 9 надпатници;  3 мостови;  2   вијадукти

Активности: Се работи на ископ на земја, изработка на насипи, изработка на плочасти и цевасти пропусти, надпатници, вијадукти и дислокација на постоечки инсталации.Лот2: Крива Паланка – Длабочица
Должина 9км.
Ширина: 11,40 м.
Вредност  30,5  милиони евра

 

Предвидени се: 1 клучка “Крива Паланка”; 19 ископи во усеци; 21 насипи; 20 цевасти пропусти; 11 вијадукти

Активности: Се работи на ископ на земја, изработка на насипи, изработка на пропусти, вијадукти и дислокација на постоечки инсталации.

 

Видео од терен тука.

Китанов: „Се работи на последните 2 км од вкупно 21 км од рехабилитацијата делницата Ранковце – Крива Паланка”

Рехабилитацијата на магистралниот пат А2, делница Ранковце – Крива Паланка е во завршна фаза. Денеска увид во градежните работи изврши директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кој на лице место се увери дека во моментов се работи на последните 2 км од вкупно 21 км. и ширина од 6 м. во вредност од 2,59 милиони евра.

Во завршна фаза е поставување на комплетна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, како и монтажа на еластична одбојна ограда.

Исто така, во моментов се работи на изградба на нови асфалтни риголи со ширина од 75 цм од двете страни на патот, санација на постоечките цевасти и сводести пропусти влезно и излезни глави  и поправка на експонираната површина на плочестите пропусти и малите мостови со репарирачки малтер.

Се очекува комплетно завршување на активностите до крајот на месецот.