Рехабилитацијата на магистралниот пат А2, делница Ранковце – Крива Паланка е во завршна фаза. Денеска увид во градежните работи изврши директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кој на лице место се увери дека во моментов се работи на последните 2 км од вкупно 21 км. и ширина од 6 м. во вредност од 2,59 милиони евра.
Во завршна фаза е поставување на комплетна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, како и монтажа на еластична одбојна ограда.
Исто така, во моментов се работи на изградба на нови асфалтни риголи со ширина од 75 цм од двете страни на патот, санација на постоечките цевасти и сводести пропусти влезно и излезни глави и поправка на експонираната површина на плочестите пропусти и малите мостови со репарирачки малтер.
Се очекува комплетно завршување на активностите до крајот на месецот.