ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРУВАЊЕ ЗА ВОНРЕДЕН ПРЕВОЗ СО ВКУПНА ТЕЖИНА НА ВЛЕЧНИОТ ВОЗ СО ТОВАР НАД 40 t И ЗА ВОНГАБАРИТНИ ТОВАРИ ПО ОСНОВ НА ДОЛЖИНА, ШИРИНА И ВИСИНА КОИ ГИ НАДМИНУВААТ ЗАКОНСКИТЕ ДОЗВОЛЕНИ ДИМЕЗИИ
Барателот на Одобрувањето за вонреден превоз до Одделението за вонреден превоз при Јавното претпријатие за државни патишта треба да достави:
Пополнето и потпишано Барање за издавање на одобрување за вонреден превоз во 2 (два) примерока (образецот за барањето е достапен на веб страната на Јавното претпријатие за државни патишта).
Пополнета скица за изгледот, масата, димензиите и растојанието помеѓу оските на влечниот воз со товар, во 3 (три) примерока (скиците на влечниот воз со товар се достапни на веб страната на Јавното претпријатие за државни патишта).
Фотокопии од сообраќајните дозволи на влекачот и приколката во 2 (два) примерока.
Уплатница за таксена марка во вредност од 50,00 (педесет) денари
Спецификација на товарот (должина, ширина, висина и тежина)
Фотографија од товарот, возилото со видлива регистарска таблица на кое се наоѓа товарот.
Царинска декларација или друг доказ за пломбиран товар (може и фотографија)
Превод на сите сообраќајни дозволи од овластен преведувач со нотарска заверка
За Барање во кое вкупната тежина со товарот е поголема од 80 тони, барателот е должен да достави елаборат од извршена дополнителна анализа за носивоста на мостовите. Анализата се врши на трошок на барателот и треба претходно да се достави (пред аплицирање на Барањето), а условите од Заклучокот се внесуваат во Одобрувањето.
Задолжително треба при поднесување на документацијата домашните сообраќајни дозволи да се пополнети сите полиња (5,6,7 и 8,О1,F1 и F2)
Целата постапка треба да е во согласност со законските и подзаконските регулативи. Напоменуваме да се обрне посебно внимание во врска со деливоста на товарот согласно член 10 од Правилникот за заштита на јавните патишта. https://roads.org.mk/wp-content/uploads/2023/01/pravilnik-za-nacinot-na-zastita-na-javnite-patista.pdf
Доколку се појават одредени нејаснотии при пополнувањето на Барањето и скиците, барателот се обраќа за помош до Одделението за вонреден превоз во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта.
Заверените примероци на Барањето од страна на Одделението за вонреден превоз при Јавното претпријатие за државни патишта ги доставува до Министерството за внатрешни работи до 13 часот секој работен ден. Одделението за вонреден превоз ги издава до 15,30 часот секој работен ден само Одобрувањата кои се оверени и доставени од страна на Министерството за внатрешни работи.
По извршената пресметка по однос на доставените податоци во Барањето за издавање на одобрување за вонреден превоз, барателот добива копии од пополнети генералии на уплатниците и врши уплата на добиениот износ на парични средства. Барателот уплаќа парични средства на посебни уплатници за Одобрувањето за вонреден превоз на сметките на Јавното претпријатие за државни патишта и на Буџетот на Република Македонија. Барателот е должен по извршената уплата на паричните средства да достави заверена уплатница до Одделението за вонреден превоз при Јавното претпријатие за државни патишта. По барање на барателот може да се изготви Профактура, врз чиј основ се врши уплата на паричните средства. Доколку барателот не изврши уплата на паричните средства по основ на Профактурата во рок од 7 (седум) дена, предметот за издавање на Одобрување за вонреден превоз се затвара како нереализиран.
Цената за плаќање на административната такса на сметка на Буџет на РМ е согласно тарифен број 19 од Законот за административни такси („Сл. Весник на РМ“ број 6/10).
Пресметката за чинење на Одобрувањето за вонреден превоз се врши врз основа на Одлуката за висина на надоместокот за натписи и рекламни табли во заштитен појас на државен пат, приклучување на пристапен пат на државен пат, поставување на инсталации во трупот на патот и патниот појас на државен пат, изградба и користење на комерцијални објекти на кој е дозволен пристап на јавен пат надвор од населено место, за прекумерно користење на државен пат, за вонреден превоз и за штета на државен пат и на објектите на патот („Сл. Весник на РМ број 139/2008) како и согласно Правилникот за техничките барања на системите, составните делови, самостојните технички единици, опремата, димензиите и вкупните маси и осното оптоварување на возилата („Сл. Весник на РМ“ број 21/2010). (Прилог: Ценовник во денарска противредност).
Во случај ако реалните тежини и димензии добиени од извршеното мерење ги надминуваат пријавените тежини или димензии на влечниот воз, се враќа не поништено оригиналното Одобрување за вонреден превоз со приложен доказ – кантарска белешка, или податоци од мерење со мобилни ваги за мерење на тежини над 50 тони на граничните премини (ГП) односно 60 тони на ГП Табановце и Богородица, се врши корекција на барањето при што се изготвува нова пресметка со корегирани податоци врз чија основа се врши доплата на чинењето на Одобрувањето. Согласно истата процедура се издава ново Одобрување за вонреден превоз со корегирани податоци. Вратеното Одобрување и новото Одобрување се составен дел на целиот предмет.

УПЛАТА НА СРЕДСТВА ЗА АДМИНИСТРАТИВАНА ТАКСА ДО БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
При доставување на Барањето за издавање на Одобрување за вонреден превоз, барателот треба да изврши уплата на паричните средства со уплатница на сметка на Буџетот на Република Македонија. Висината на средствата кои треба да се уплатат се во зависност од типот на превозот: меѓународен превоз или трансзит на возила низ Република Македонија и домашен превоз во Република Македонија.
Како пример за пополнетите генералии на уплатницата, барателот може да ја користи копијата “Уплатница бр.2” прикачена кон ова објаснување.

- УПЛАТА НА СРЕДСТВА ЗА ТАКСЕНА МАРКА ДО БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
При доставување на Барањето за издавање на Одобрување за вонреден превоз, барателот треба да изврши уплата на паричните средства со уплатница на сметка на Буџетот на Република Македонија. Висината на средствата кои треба да се уплатат изнесува 50,00 денари.
Како пример за пополнетите генералии на уплатницата, барателот може да ја користи копијата “Уплатница бр.3” прикачена кон ова објаснување.

Контакт: odobruvanja_vonreden_prevoz@roads.org.mk
До софтверот за издавање на одобрување за вонреден превоз може да пристапите на следниов линк.
Во продолжение можете да ги преземете барањата за одобрување вонреден превоз и скица на возилото за кое се однесува барањето
- Барање за издавање одобрување за вонреден превоз
- М2
- М2 + П2
- М2 + П 2а
- М2 + П3
- М2 + П4
- М2 + ПП1 четири тркала на осовина
- М2 + ПП1 осум тркала на осовина
- М2 + ПП2 четири тркала на осовина
- М2 + ПП2 осум тркала на осовина
- М2 + ПП3 четири тркала по осовина
- М2 + ПП3 осум тркала по осовина
- М2 + ПП4 четири тркала на осовина
- М2 + ПП4 осум тркала на осовина
- М2 + ПП5 четири тркала на осовина
- М2 + ПП5 осум тркала на осовина
- М2 + ПП6 четири тркала на осовина
- М2 + ПП6 осум тркала на ососвина
- М2 + П3а
- М2 + ПП2а четири тркала по осовина
- М2 + ПП2а осум тркала по осовина
- М3
- М3 + П2
- М3 + П3
- М3 + П4
- М3 + ПП2 четири тркала на осовина
- М3 + ПП2 осум тркала на осовина
- М3 + ПП3 четири тркала на осовина
- М3 + ПП3 осум тркала на осовина
- М3 + ПП4 четири тркала на осовина
- М3 + ПП4 осум тркала на осовина
- М3 + ПП5 четири тркала на осовина
- М3 + ПП5 осум тркала на осовина
- М3 + ПП6 четири тркала на осовина
- М3 + ПП6 осум тркала на осовина
- М3 + П2 а
- М3 + П3а
- М3 + ПП1 четири тркала на осовина
- М3 + ПП1 осум тркала на осовина
- М3 + ПП7 четири тркала на осовина
- М3 + ПП7 осум тркала на осовина
- М3 + ПП8 четири тркала на осовина
- М3 + ПП8 осум тркала на осовина
- М4
- М4 + П3
- М4 + П4
- М4 + П5
- М4 + ПП3 четири тркала на осовина
- М4 + ПП3 осум тркала на осовина
- М4 + ПП4 осум тркала на осовина
- М4 + ПП5 четири тркала на осовина
- М4 + ПП5 осум тркала на осовина
- М4 + ПП6 четири тркала на осовина
- М4 + ПП6 осум тркала на осовина
- М4 + ПП7 четири тркала на осовина
- М4 + ПП7 осум тркала на осовина
- М4 + ПП4 четири тркала по осовина
- М4 + ПП2 четири тркала на осовина
- М4 + ПП2 осум тркала на осовина
- М4 + ПП8 четири тркала на осовина
- М4 + ПП8 осум тркала на осовина
- M4 + ПП10 осум тркала на осовина
- М4 + ПП12 четири тркала на осовина
- М4 + ПП12 осум тркала на осовина
- М4 + ПП14 четири тркала на осовина
- М4 + ПП14 осум тркала на осовина
- М4 + ПП16 четири тркала на осовина
- М4 + ПП16 осум тркала на осовина
- Автодигалка М3
- Автодигалка М4
- Автодигалка М5
- Автодигалка М6
- Автодигалка М6а
- Автодигалка М7
- Автодигалка М7а
- Автодигалка М8
- Автодигалка М8а
- Автодигалка М9
- Автодигалка М9а
- Автодигалка М3а
- Автодигалка М5а
- Автодигалка М6аб
- Бетонска пумпа М2
- Бетонска пумпа М3
- Бетонска пумпа М4
- Бетонска пумпа М5
- Бетонска пумпа М6
- Бетонска пумпа М6a