Јавното претпријатие за државни патишта е надлежно за:
- Управување со државните патишта;
- Предлага петгодишна програма за развој и одржување на државнита патишта
- Постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта;
- Преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта;
- Вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта;
- Наплата на надоместоците за користење на јавните патишта утврдени со Законот за јавни патишта;
- Задолжувања кај домашни и странски финансиски институции;
- Организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција,одржување, заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со Закон
- Давање на вршење на работите за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување, заштита, наплата на патарина на државните патишта на правни лица во согласност со Законот
- Предлагање за давање на концесија и други видови на јавно – приватно партнерство;
- Издава одобренија, одобрувања и дава мислења согласно со законот за јавните патишта
- Организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци
- Применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите (PMS) и систем на управување со одржување на мостовите (BMS) и
- Поддршка за изградба на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.