Република Северна Македонија се одликува со добро развиена патна мрежа во вкупна должина од 14.182 km, вклучувајќи автопатишта, магистрални, регионални и локални патишта. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор VIII (исток – запад) и Коридор X (север – југ).

Регионалните патишта обезбедуваат пристап до главните патни коридори и магистралната патна мрежа и заедно со локалните патишта се од големо значење за развојот на локалната економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности низ земјата. Согласно важечката легислатива, Јавното претпријатие за државни патишта е орган одговорен за управување, изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните патишта во Република Северна Македонија.
Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14.182 km, од кои 242 km се класифицирани како автопатишта, 911 km се магистрални патишта, 3.771 km регионални, а 9.258 km се локални патишта, прикажано во табела 1. Патната мрежа претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата.
Како во другите земји, така и во Република Северна Македонија, патниот транспорт има најголемо учество во вкупниот превоз на стока и патници. Во структурата на превозот на стока која се транспортира по патиштата низ Република Северна Македонија, националниот превоз доминира над меѓународниот и транзитниот превоз. Исто така, патниот превоз доминира над железничкиот превоз.
Вo основа, постојната патна конструкција е цврста и со добар квалитет.

Патната карта може да ја преземете во pdf формат тука.

Табеларен приказ на видот на патишта низ РСМ

Вид на патКилометри
Автопат242
Магистрален пат911
Регионален пат3.771
Локален пат9.258
ВКУПНО:

14.182