Skip to content

Средба на Трајановски со деканот Марковски и студенти од Градежен факултет

Соработката со Градежниот факултет и Јавното претпријатие за државни патишта продолжува. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски оствари средба со деканот на Градежниот Факултет д-р Горан Марковски и со група студенти од повеќе катедри на факултетот кои се со висок просек.

На претходната работна средба Трајановски и д-р Марковски ветија дека ќе се заложат за успешна и плодна соработка која ќе донесе заеднички бенефит и во таа насока беше и денешната средба со студентите од повеќе насоки на катедрите на Градежен факултет.

Имено, едно од најгорливите прашање за ЈПДП е недостигот на квалитетен стручен инженерски кадар и токму затоа по претходно упатеното барање од страна на директорот Трајановски до деканот на Градежниот факултет се оствари денешната средба со младите студенти и идни инженери кои себе си можеби се гледаат и како идни градители на патната инфраструктура во државата. Всушност идејата е оваа соработка со Градежниот факултет да резултира со обезбедување на работен ангажман на градежни инженери кои успешно завршиле со студиите.

Во таа насока во подготовка е Меморандум за соработка со чие што потпишување ќе се отвори можност за идно стипендирање на студенти од Градежниот факултет, кои потоа би биле потенцијални идни стручни кадри на претпријатието. На овој начин плодната соработка помеѓу ЈПДП и Градежниот Факултет ќе се подигне на повисоко ниво, а со потпишувањето на Меморандумот системски ќе се реши континуираниот недостасток на градежни инженери во ЈП за државни патишта.

Сподели: