Skip to content

Трајановски: „Проблемите се решаваат на терен. Изградбата на експресниот пат Градско-Фариш од витално значење за централниот и југозападниот дел на државата“

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим и со претставници на изведувачот и надзорот над работите изврши увид во градежните активности на експресниот пат Градско-Фариш кој е од витално значење за централниот и југозападниот дел на државата.

Изградбата на овој пат е дел од Коридорот 10д. Патен правец кој е исклучително значаен поради големата фреквенција на возила со над 6 илјади дневно меѓу кои и голем број на товарни возила. Токму затоа, и со цел решавање на проблемите, а во функција на забрзување на изградбата, директорот Трајановски е постојано на терен каде што тие најбрзо и најефикасно се решаваат. Еден од проблемите на Градско-Дреново е изведбата на косините за што се разгледуваа можните решенија за нивно надминување.

Исто така, после подолг период беше ставено во функција таканареченото возило за рамност при што се вршеше проверка на рамноста на патот на делот каде што е извршено асфалтирање. Всушност нерамнините на патот се една од главните забелешки на учесниците во сообраќајот на патиштата низ државата и затоа е важен сегмент во изградбата на новите патишта, како и во рехабилитацијата на постојните патишта.

Да потсетиме. Експресниот пат Градско-Дреново се гради во две фази. На првата делница Градско-Дреново, Изведувач на работите е Штрабаг, а Надзор е ЕГИС, а на втората делница Дреново–Фариш Изведувач на работите е СИНОХИДРО и Надзор се ГЕИНГ и ЕВРО КОНСАЛТИНГ. Вкупната должина, пак, на експресниот пат е 26 км. Со изградбата на експресниот пат значително ќе се олесни протокот на сообраќај и ќе се скрати и времето на патување од Градско кон Прилеп и Битола.

Сподели: