Skip to content

Увид во изградбата на на автопатската делница од Коридорот 10д Прилеп-Битола

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, со министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, нејзината екселенција амбасадорката на САД Анџела Агелер, како и со пратеници од Собранието и градоначалници од пелагонискиот регион беа на трасата на изградба на автопатската делница од Коридорот 10д Прилеп-Битола.

Тој изрази благодарност до сите кои помогнаа во процесот на откочување на работите за изградбата на автопатот и лично се заблагодари на премиерот и министерот, како и на амбасадорката, но и на градоначалниците кои помогнаа посебно во процесот на експропријација. Во својата изјава Трајановски рече:

„Ние сме сега еден чекор пред Бехтел и Енка. Ако претходно тие чекаа поради тоа што не биле решени експропријацијата не беше решено деминирањето сега веќе тоа е решено и сега нема да плаќаме толку пенали туку напротив Бехтел и Енка ќе трреба да не прати нас. Тоа е многу добро за Република Македонија затоа што кажува дека Владата и институциите во Владата фунцкионираат тимски и еве ги резултатите од тоа. Да кажам дека има овде околу 1300 катастарски парцели кои што треба вкупно да се експорпираат, од кои 850 се завршени и остануваат уште 450. Еден од главните проблеми тука е деминирањето. Околу 500 хектари треба да се деминираат. Деминирани се околу 100 хектари и најдени се 19.500 можни потенцијални експлозивни материјали пришто се извадени околу 200. Благодарност до АРМ која го врши деминирањето бидејќи обвде биле првата и втората балканска војна, првата светска војна, така што овој процес беше многу важен. Затоа се надевем дека со ова темпо и прогрес за три години оваа делница ќе биде готова и граѓаните на Битола, Прилеп и Ресен ќе имаат подобри услови за развојот, за економијата и за бизнисот. Потоа ако го земе во предвид и обиколницата на Битола како и експресниот пат Битола-Меџитлија кои се во план за градба, тоа практично ќе биде меѓународен пат на повисок ранг, односно ова е Кридор 10д.“

Сподели: