Skip to content

Трајановски: Европа и светот повеќе од 20-30 години се асфалтира и во зимски услови, а во Македонија ние за прв пат воведовме годинава!

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски се обрати на стручното советување на тема:„Современи трендови и предизвици во асфалтната индустрија” во организација на Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ).

Говорејќи на темата Трајановски рече дека она што во светот е повеќедецинска пракса кај нас е воведено за прв оваа година.

„Интезнивно работиме и дење и навечер, во дел од ноќта се разбира, се работи дури и во зимски услови и она што ние го промовиравме за жал сега за прв пат во Македонија, во Европа и во светот е 20-30 годишна пракса. Благодарение на посветеноста на менаџерскиот тим и стручните кадри во ЈПДП, како и на соработката со професорите од Градежен факултет, секако и фирмите за изработка на асфалт и заложбата на надзорот и изведувачот. Благодарение на овие отпочнати процеси и на нашето залагање за откочување на сите закочени проекти кои ги затекнавме имаме напредок и на одредени патни правци како што се Градско-Дреново и Крива Паланка-Страцин и очекуваме до крајот на годината евентуално на почеток на следната да бидат ставени во фукнција“, рече Трајановски во своето обраќање.

Во однос на следењето на трендовите и предизвиците со кои се соочуваме како држава Трајановски смета дека за жал го изгубивме чекорот и ние како држава и компаниите кои своевремено држеа чекор со европските компании и беа конкуренти за разлика од сега кога каскаме зад нив, но тие како Влада со политиките кои ги преземаат прават сѐ за зголемување на конкуренцијата помеѓу компании сѐ со цел побрзо, поквалитетно градење на нови патишта.

Сподели: