Со овие нови 17 километри ставени во функција патувањето до туристичкиот центар Охрид станува побрзо и поудобно и најважно од сè- побезбедно!
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, и бројни пратеници, гости и советници свеченото ја пуштија наведената автопатска делница.

„Ова е голем чекор напред за граѓаните и стопанството – заеднички успех на сите кои беа дел од овој проект. Конкретно, завршени се градежните работи на два сегмента: дел од подделницата 4 (Климештани–Требеништа) и целата подделница 5 (Требеништа–Охрид) со вкупна должина од 17 километри и го опфаќа делот од Климештани до Охрид. Автопатот е со вкупна широчина од 26.5 метри и ги содржи сите конструктивни елементи за автопат.“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
Со изведбата на овие подделници со вкупна должина од 17км се изградија еден мост, 10 потпорни ѕида, пет (5) патни јазли со осветлување (Ботун, Требеништа со врска за државен пат А3, Аеродром Св.Апостол Павле, Подмоље, Св.Еразмо), четири (4) надпатници, 15 подпатници, 80 плочести и цевасти пропусти, два (2) паралелни пристапни пата со приклучоци на постоечки објекти, два (2) приклучоци на постоечки објекти и една (1) девијација на локален пат за с. Климештани.

ЈПДП продолжува да ја обновува и подобрува патната инфраструктура низ целата држава.