Skip to content

Трајановски: Зголемена фреквенција на возила кои транзитирале на патарините. Во август поминале вкупно 6.850.961 возила и наплатени се рекордни 7.804.840,оо евра

При посетата на Оперативниот центар во Петровец директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беше информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на наплата на патарини. Во август годинава наплатени се 7.804.840,оо евра (седум милиони осумстотини и четири илјади осумстотини и читириест евра) што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе.

Инаку, Оперативниот центар во Петровец претставува една мултифункционална целина преку која се мониторира работењето на сите наплатни станици и сите активности поврзани со наплатата на патарина. За негово успешно функционирање потребно беше да се направи доекипирање во делот на контролата и во делот на електронската наплата затоа што имаше недостаток на кадар во таканаречениот Контролен центар кој 24/7 ја следи состојбата на наплатните станици во живо, преку лајв стрим, а во исто време се прави и контрола на работењето преку системот за видео надзор со прегледување на снимен видео материјал. Директорот Трајановски од вработените и од одговорните на наплатните станици побара поголема професионалност и посветеност во работата.
Инаку, од почеток на годинава, за периодот Јануари-Август 2024, остварен е вкупен промет од наплата на патарина, надополнување, продажба на уреди и наплата од поминувања од Опен Балкан во висина од 45.079.748,оо евра (четириесет и пет милиони седумдесет и девет илјади седумстотини четириест и осум евра).

Од почетокот на електронската наплата, пак, од 03.07.2019 до 01.09.2024 година, продадени се 33.620 Мтаг уреди и 195.825 МСмарт картички, или вкупно 229.455 електронски уреди. Целта на ЈПДП е стимулирање и зголемување на процентот на наплата со електронски уреди за побрз и побезбеден проток на сообраќајот на наплатните станици.

Сподели: