На иницијатива на Јавното претпријатие за државни патишта, а со цел за поголема безбедност во сообраќајот и поефикасно одржување на магистралните и регионалните патишта се одржа координативен состанок на кој свое учество земаа претставници од Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторатот за транспорт, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, како и претставници на ЈПДП.
Директорот на ЈПДП Коце Трајановски побара и доби поддршка од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и од началничката на Секторот за сообраќајни работи м-р Маја Арсовска Манов во напорите на новото раководство во за зголемување на безбедноста на патиштата и решавањето на децениски наталожените поблеми.
Во конструктивен разговор беа посочени детектираните проблеми во однос на безбедноста на патиштата кои најмногу се однесуваат на времениот режим кој понекогаш трае предолго, на оштетувањата на заштитната мрежа на патиштата, на застоите на одредени патни правци како што е семафорот кај село Здуње, гостиварско, на недоволно одвојување на средства за одржување на магистралните и регионалните патишта, на дивите продавачи на автопатиштата за што ЈПДП побара од МВР поревносно да ги остранува. Се отвори и прашањето за таканаречените неплаќачи на патарина кои не само што го оштетуваат буџетот бидејќи се работи за бројка од околу 500 илјади ненаплатени сметки, туку влијаат и на безбедноста на протокот на сообраќај кај наплатните станици. Во таа насока ЈПДП побара во блиска иднина МВР и Инспекторатот поревносно да вршат контроли во делот дали учесниците во сообраќајот извршиле наплата на патарина, а дополнително и ЈПДП ќе преземе поактивни мерки со процесирање, односно достава на фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.