Skip to content

Градиме за идните генерации! Одбележан почетокот на изградбата на Коридор 8

Со симболично откривањето на таблата за почеток на изградбата на Коридорот 8 се означи и стартот на отпочнувањето на најзначајниот инфраструктурен проект во Република Северна Македонија. Премиерот на Владата на РСМ Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Груби, министерот за транспорт и врски, Бочварски, амбасадорка на САД во РСМ, Агелер, претседателот на Инфраструктура Bechtel, Кени и претседателот на ДУИ Ахмети зедно ја открија таблата која означи старт за изградба на Коридорите 8 и 10-д, со стратешкиот партнер Конзорциумот “Bechtel & Enka”.

Во нарендите 4 години и 7 месеци ќе бидат изградени четирите патни правци:  автопатот Тетово–Гостивар; автопатот Гостивар–Букојчани; автопатот Требениште–Струга–Ќафасан и автопатот Прилеп – Битола.

„Одејќи кон бината не можам да се оттргнам од впечатокот и сликите што ми се врежаа длабоко во сеќавањата на моментот, на чинот, кога го ставив својот потпис на Договорот за изградба на Коридор 8 и на Коридор 10-д. Тогаш, а и сега, ми се враќаат сеќавањата од пред 30 години на моите студентски денови во Тирана, кога од тука до таму патував над 10 часа.  Какво патешествие беше тоа!
Сега до Тирана стигнуваме од прилика за пет часа. И тоа е многу, со оглед на растојанието. Меѓутоа, по реализацијата на овој проект, со изградбата на овие делници во следните неполни пет години од Коридор 8, до Тирана ќе патуваме за само два часа!  Ако римјаните знаеле за фактот дека нашата држава е раскрсница на Балканот и оттука поминувала Виа Игнација, ние сега повторно ја создаваме нашата нова „Виа Игнација“, односно создаваме Коридори 8 и 10 д по сите светски норми и стандарди“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати. Односно, по 5,8 километри автопат годишно. Со овој Договор ќе се изградат околу 110 километри автопатишта во следните 4,7 години – или по 23 километри автопат годишно.

Градиме за идните генерации!

Сподели: