Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) од 2020 година спроведува проект за рехабилитација и реконструкција на патна делница со две коловозни ленти, во должина од 13.5 километри, меѓу граничниот премин Деве Баир и Крива Паланка.
Проектот којшто се финансира со помош на ЕБОР има за цел, да го поддржи економскиот развој на Р. С. Македонија, на тој начин придонесувајќи за регионална интеграција преку подобрување на поврзаноста во поширокиот регион и ЕУ.
Проектот се наоѓа во североисточниот дел на Р. С. Македонија со вкупна должина којашто е приближно 13 километри. Проектот главно вклучува проширување на делови од постојниот пат, пренасочување на дел од трасата на кус потег, поправка и/или реконструкција на некои од постојните мостови и замена на асфалтот и безбедносните бариери за целиот потег. Севкупно, се очекува Проектот да донесе голем број придобивки:
- подобрена поврзаност со соседна Бугарија;
- подобрена внатрешна поврзаност во североисточниот дел на Р. С. Македонија, вклучително и подобрено олеснување на размената на стоки и услуги, подобар пристап за поддршка на туризмот, индустријата, земјоделството итн.; и
- подобрена безбедност на патот.
Изготвена е Студија за оценка на влијанијата врз животната средина во согласност со националните барања и истиот содржи: информации за еколошките и социјалните карактеристики на подрачјето, коешто се очекува да биде засегнато; цели од областа на животната средина и социјалната заштита; веројатни еколошки и социјални ефекти; мерки за намалување на неутрализирање и следење на негативните ефекти; како и анализирани се алтернативи.
Студијата не идентификуваше ниту еден вид и/или живеалишта од важност за зачувување, а врз коишто се очекува проектот да влијае. Сепак, проектот (како и постојниот пат) се вкрстува со потенцијално Емералд подрчје, коешто се наоѓа на 1-2 км, иако проширување на патот ќе биде потребно само на потег од 200 метри. Должината од 200 метри во рамките на предложеното заштитено подрачје подразбира расчистување на тесен појас на земјиште со ширина од 3.5 метри во непосредна близина на постоечкиот пат, којшто веќе е значително деградиран.
Врз основа на утврдените влијанија и предложените мерки од Студијата, Изведувачот ангажиран за реализација на проектот во фаза на изведба, изготви План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА), којшто дефинира мерки за реализација за време на иведба на патот и меѓу другото вклучува стручен тим биолози (од ЗГ Македонско биолошко друштво – МБД), за дополнително да ги следат промените на терен во однос на живелиштата и состојбата со рибниот фонд и видрата, за која има потврдени траги на присуство во подрачјето.
Месечните извештаи на МБД во однос на статусот со состојбата на природата се достапни на следните линкови:
• Извештај за состојбата на видрата тука.
• Извештај за состојбата со живеалиштата и статусот на рибите тука.
• Месечни извештаи за состојбата со биолошката разновидност тука.
• Извештаи за бучава и квалитет на воздух тука.
• Извештаи за квалитет на вода тука.
• Извештај за нулта состојба тука.
Објавата на Проектот на страната на ЕБРД: https://www.ebrd.com/work-with-us/projects/psd/kriva-palanka-bulgarian-border-road.html