Skip to content

Ставена на располагање целата зимска механизација за одржување на патиштата во зимски услови

Директорот на Јавното претпријатије за државни патишта, Ејуп Рустеми, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, како и директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта, Костадин Ацевски, денеска остварија посета на автопатските бази со цел одблиску да ја утврдаат состојбата и капацитетите на механизација за  одржување на патната инфраструктура во зимски услови.

При посетата е констатирано дека ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта ја имаат ставено на располагање целата механизација и истовремено е  констатирано дека сите расположливи екипи се на терен и сообраќајот се одвива непречено, односно граѓаните можат да патуваат безбедно до нивната посакувана дестинација.

Во таа насока говори и податокот дека на 38 зимски пунктови на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта низ земјата се ставени на располагање вкупно 181 камион и 73 машини за зимско одржување на државните патишта.

Сподели: