Рустеми: „Издвојуваме 20.2 милиони евра за ново патно поврзување на Кичево и Дебар“

„Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми заедно со претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик директорот на ЈПДП Благојче Трпевски извршија увид во градежните работи на изградбата на регионалниот пат Р2246 делница, Извор (спој со А2) – Гарски мост, во должина од 19 км и во вредност од 20.2 милиони евра.

 

„Рустеми го информираше премиерот Ковачевски дека веќе се отпочнати и активностите за изградба на патната делница со која значително ќе се скрати времето за патување.

„Со изградбата на делницата Извор–Гарски мост Општината Маврово и Ростуше ќе добие ново патно поврзување помеѓу градовите Кичево и Дебар и ќе се скрати времето на патување. За таа цел обезбедивме 20,2 милиони евра, средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Изведувачот на градежните работи Илинден–Струга отпочна со работа и во моментов се работи на расчистување на трасата, ископ на земјани работи и изработка на насипи. До овој момент имаме веќе 20 % на реализација на изведба“, изјави директорот Рустеми.

 

Рустеми: „Инвестираме повеќе од 26 милиони евра во патно поврзување на Општината Маврово и Ростуше со останатите делови од државата“

„Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми заедно со претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик директорот на ЈПДП Благојче Трпевски извршија увид во градежните работи на изградбата на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови-Жировница.

 

„Јавното претпријатие за државни патишта отпочна со целосна рехабилитација на делницата Маврови Анови-Жировница во должина од 18,46 км, инвестиција вредна 6,18 милиони евра. Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови.

 

„Со проектот за рехабилитација на Маврови Анови-Жировница предвидено е да се изведат повеќе градежни зафати како што е нова коловозна конструкција, санација на осумте мостови, изведба на нови потпорни ѕидови бидејќи сите сме сведоци на честите одрони на оваа делница и други работи со кои ќе се подобри безбедноста на делницата. Во моментов интензивно се работи на повеќе точки на патната делница, а се извршуваат и асфалтерски работи. Безбедноста на државните патишта е наш приоритет и затоа очекуваме Изведувачот на работите JV “ISA 2000 – PELAGONIJA”, од Гостивар квалитетно и навремено да ја заврши доверената работа“, изјави по извршениот увид директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. Инаку, Надзорен орган над извршување на работите е ГИМ заедно со ЕВРО Консалтинг и ИРД Енгинееринг. Рустеми уште го информираше премиерот Ковачевски дека се отпочнати и активностите за изградба на регионалниот пат Р2246 делница, Извор (спој со А2) – Гарски мост, во должина од 19 км каде што исто така извршија увид во градежните работи. „Со изградбата на делницата Извор–Гарски мост Општината Маврово и Ростуше ќе добие ново патно поврзување помеѓу градовите Кичево и Дебар и ќе се скрати времето на патување. За таа цел обезбедивме 20.2 милиони евра, средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Изведувачот на градежните работи Илинден–Струга отпочна со работа и во моментов се работи на расчистување на трасата, ископ на земјани работи и изработка на насипи. До овој момент имаме веќе 20 % на реализација на изведба“, изјави директорот Рустеми. Целта на овие два проекта е да се добие оптимално решение со што ќе се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, што значи безбедно, побрзо и непречено одвивање на сообраќајот, како и скратување на времето на патување во Југозападниот плански регион на Република Северна Македонија.