Иако предвиденот рок за изведување на градежните работи на транзитниот дел на Кавадарци на регионалниот пат Р1103 беше во декември, Кавадарчани веќе сега се возат по оваа за нив особено значајна сообраќајница којашто е исклучително фрекфентна и затоа се наметна потребата од нејзина реконструкција.
Иако станува збор за само од 1,2 километри должина сепак заради големиот проток на сообраќајот се реши долгогодишниот проблем на сите фирми коишто гравитираат во овој дел, но и на сите што транзитираат од Кавадарци кон Неготино. Вредноста на зафатот беше 0,30 милиони евра.
Исто така, преку реконструкцијата на оваа делница имаме успешен пример на соработка на централната и локалната власт и како треба да се одржува патната инфраструктура во градовите.
Да потсетиме дека минатата година Јавното претпријатие за државни патишта го рехабилитираше и делот на патниот правец од Росоман кон Кавадараци.