Одронот кај месноста позната како „Цуцка“ беше закана за безбедноста на учесниците во сообраќајот од 2018 година кога се појави. Јавното претпријатие за државни патишта тогаш направи времена интервенција и санација на големиот одрон кој го оштети не само патот, туку и дел од железничката пруга, а потоа засукавме ракави и се зафативме со трајно решавање на проблемот.
ЈПДП пролетва отпочна со градежни активности за санација на свлечиштето и при тоа бевме сведоци на интересни и актрактивни начини на санација. Се чини дека најинтересен беше делот на таканареченото „кавање“ на карпата кое го правеа симпатичните момци алпинисти. Тие вешто се качува на косините и рачно ги соборуваа сите карпи што се во нестабилна состојба.
Потоа следуваше ставање на шипови во карпите, ставање на заштитни мрежи, бетонирање за да се запре одронувањето и продорот на водата во самите карпи којашто е и најголемиот штетник за патиштата. А потоа, продолжија градежните активности за заштита од повторни одрони, како и поставување на нов асфалт. Беше санирано и оштетувањето на делот на железничката пруга.
Веќе денес санацијата на свлечиштето Велес-Градско кај месноста Цуцка е завршена. При тоа беа изведени:
Изградба на потпорен ѕид и санација на дел од пат кој беше уништен;
Бетонирана е врзна греда со поставување на нова еластична ограда од тип H2W1;
Извршено е кавање на карпата;
Извршено е поставување на SN и SDA анкери во карпа за мрежа и торкет бетон;
Извршено е поставување на торкет бетон прва фаза, поставување на арматурна мрежа
и поставување на торкет бетон втора фаза;
Извршено е поставување на заштитна мрежа со бетонски тегови заедно со челична
сајла за зајакнување на заштитната мрежа;
Извршено е поставување на бариера за заштита од одрони со минимум кинетичка
енергија на апсорбција од 1000 кЈ;
Изработка на ригола со бетонски ивичњак;
Изработка на асфалт тип АБ11;
Расчистување на локација и повлекување на градежна механизација од локација.
Инвестиционата проценета вредност, пак, со ДДВ за санацијата изнесуваше 62.441.350,74 денари.