Скромниот придонес на Јавното претпријатие за државни патишта кон годинешното одбележување на историскиот настан 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител, е зголемената безбедност на возилата кои се движат по регионалниот пат Р1202, како и кракот кој води до манастирот.
Имено, со цел намалување на брзината и безбедно регулирање на собраќајот во двата правци поставени се по три реда од попречни вибрациони термопластични траки, сообраќајно огледало, вертикална и хозионтална сигнализација. Извршено е проширување на двете серпентини со тампонирање и поставување на нова асфалтна конструкција и канали за одводнување на површинските води.
Пред самиот манастир заради спречување на течење на материјал поставени се дел габионски и дел обложни ѕидови од камена ѕидарија, а на тесното грло на патот извршено е проширување со коловоз од 6 м на армирано бетонска конструкција која е фундирана на армирасно бетонски колови со дијаметар од 80 цм. Поставени се два слоја на асфалт, нови риголи и пропуст за одводнување на површинските води. Заради безбедно одвивање на сообраќајот по целата должина поставена е нова еластична одбојна ограда по ЕН–стандарди.
Буџетот издвоен за реализација на проектот е 23. 666.665.00 денари без ДДВ.
За многу години и јубилејот и патот!