Завршени се градежно санациони работи на мост бр.4 на Р2344 (Чашка – Лисиче)

Во периодот од 18.03.2020 година до 17.07.2020 година се изведуваа градежни санациони работи на мостот бр.4 на Р2344 (Чашка-Лисиче) во вредност од 8.000.000,00 денари (безДДВ).

Мостот изграден над река Тополка претставува армиранобетонска кострукција на еден распон со должина од 9,8m. Со реконструкцијата на мостот ширината на асфалтниот коловоз изнесува 6м.

Со санацијата под асфалтниот коловоз изведена е нова армирано бетонска плоча, како и парапетни греди на кои е поставена заштитна одбојна ограда по EN-стандадри. Реконсонструирани се комплетно двата крајни столба и армирано бетонските крила и нивните темели.

Безбедноста пред сѐ!

Втора фаза од рехабилитација на регионалниот пат Р1309 Кочани-Пониква

Втора фаза од рехабилитација на регионалниот пат Р1309 Кочани-Пониква
Должина: 7,4 км
Вредност: 49.09 милиони денари
Статус: Горниот слој од коловозот е веќе отстранет, обработени се најоштетените површини кои се пополнуваат, по што ќе биде поставен нов асфалтен слој. Проектот опфаќа и рабници, сливници за атмосферска вода и нови еластични огради.

Обезбедуваме квалитетна сообраќајна поврзаност со туристичкиот центар Пониква и решаваме едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот!