Кон крајот на јуни ќе биде пуштен во употреба експресниот пат Штип-Крупиште

Увид во градежните работи на експресниот пат Штип-Крупиште кој е во завршна фаза и се очекува да биде пуштен во сообраќај кон крајот на месец јуни годинава, извршија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов. Ова е првата фаза од експресниот пат од Штип до Кочани кој се очекува целосно да се изгради за една година, инвестицијата вредна 20,2 милиони евра.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов по увидот рече дека на сите проекти кои се започнати во текот на минатата година се работи интензивно и во континуитет.

„Овој експресен пат од Штип до Крупиште ќе биде завршен во јуни и ќе биде првиот поголем пат пуштен во употреба оваа година, со што ќе обезбедиме модерна, сигурна и безбедна врска со Источниот регион. Исто така, континуирано се работи и на останатиот дел од Крупиште до Кочани. Во меѓувреме работиме и на сите рехабилитации започнати во текот на есента 2019 година. До крајот на мај месец ќе бидат објавени уште 15 јавни повици за рехабилитација и реконструкција на патната мрежа низ цела држава. Сакам да истакнам дека без прекин се работи на модернизација и на мостовите и на санација на појавените свлечишта,“  изјави директорот на Јавно претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов.

Додаде дека патната инфраструктура во Малешевијата беше целосно рехабилитиран во текот на 2019 година, а во тек се градежни работи на делот од Крупиште до Пробиштип кој треба да биде завршен во септември оваа година.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески рече дека ресорот што тој го води е сериозно фокусиран на реализација на проектите планирани за годинава.

„Министерството за транспорт и врски е сериозно фокусирано на реализација на сите проекти планирани за оваа година. Се наоѓаме сред силна градежна сезона, која очекуваме уште повеќе да се интензивира во следниов период. Во делот на патната инфраструктура градежните работи се одвиваат со силно темпо. Само во овој момент се рехабилитираат преку 150 километри патишта, веќе следниот месец завршуваат тендерските постапки за рехабилитација на околу 80 километри регионална патна мрежа. Исто така активно работиме на изградба на преку дваесет водоводи и канализации, започнавме со изградба на три нови социјални згради, а железничкото поврзување кон Бугарија и гасификацијата остануваат примарни проекти на Владата“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

На увидот беше присутен и градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски кој го истакна значењето на изградбата на новиот експресен пат за економскиот развој и унапредувањето на целиот Источен регион. Според него експресниот пат ќе придонесе за побрз и побезбеден транспорт и подобар живот на граѓаните.

Видео материјал од настанот тука.

Рехабилитација на државен пат Р2241 делница, врска со државен пат Р1201-Лабуништа-Боровец-Јабланица

Рехабилитација на државен пат Р2241 делница, врска со државен пат Р1201-Лабуништа-Боровец-Јабланица
Должина: 11,80 км.
Ширина: променлива од 4 м до 6 м.
Вредност: 45,07 милиони денари.
Активности: Набавка, транспорт и изработка на завршен асфалт бетонски слој АБ16 дср=5см; изработка на банкини со механичка стабилизација од тампонски материјал Дср 5 и Дср 10 см; обележување на асфалтна површина со патарска рефлектирачка боја и др.