Китанов-Сугарески: Пелагонисикиот регион добива нов автопат и експресни патишта

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски извршија увид во рехабилитацијата на државниот пат Градско- Прилеп, на делницата од Дреново до Фариш.

Со оваа инвестиција со вредност од 1,5 милиони евра целосно ќе се реконструира делницата во ширина од 6,7 метри. При увидот министерот за транспорт и врски Сугарески најави дека целосно ќе се реконструира и делот од Фариш до Прилеп со што ќе се добие нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп.
„Ова е главната врска што не спојува нас жителите од Прилеп, од Битола, Ресен со Централниот и Источниот дел од земјата и затоа мораме сѐ до изградбата на експресниот пат, оваа делница да биде безбедна за сообраќај и реконструирана по сите стандарди”, нагласи Сугарески.

Вкупната должина на патот што треба да се рехабилитира изнесува 9,1 километри, а градежните активности се очекува да завршат до ноември годинава. Обновата на делницата е согласно со годишната програма за изградба и одржување на патишта на Јавното претпријатие за државни патишта.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов детално информираше за сите проекти што течат во моментов во овој регион. Тој појасни дека првата делница што е предвидена за рехабилитација на патниот правец кон Прилеп е од Фариш до Дреново. На оваа делница ќе се изврши трослојно и еднослојно афалтирање и ако дозволат временските услови до крајот на март ќе биде завршена.

 

  “Прилеп ќе добие два патни правци, овој што сега го рехабилитираме и експресниот пат.  Ова е прва фаза и очекувам до крај на март да биде готов, а кон крајот на март ќе излезе тендер за целосна рехабилитација на делот од Фариш до Прилеп и ако не послужат временските услови тоа ќе се заврши до крај на годината или следната година ова време.  Во делот на Прилеп, исто така, се работи и за патот кон Мариово и други помали делници. Во меѓувреме дадена е проектна задача на Градежниот факултет за изградба на автопатско решение од Прилеп до Битола” изјави Зоран Китанов, директорот на ЈП за државни патишта.

Китанов потенцираше дека во тек е изработка на тендерска документација која ќе биде објавена во април за доизградба на експресниот пат од Фариш до Дреново за што арбитражата е во тек и незвисно од нејзе, патот ќе се доизгради. Исто така,  додаде дека во јуни завршува проектирањето за експресен пат од Битола до Меџитлија, а активно се работи и на рехабилитација на стариот пат од Прилеп до Битола.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски рече дека ова е значајна инвестиција бидејќи со рехабилитација на овој пат ќе се реши безбедносниот апсект на оваа делница, а за наредниот период најави и реконструкции на улиците во Прилеп за околу 20 километри.

Оглас за набавка на градежни работи за Лот 1 Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Узем – Тораница и Лот 2 Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Македонска Каменица – Саса

Јавното претпријатие за државни патишта објавува оглас за набавка на градежни работи за :

  • Лот 1 Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Узем – Тораница

  • Лот 2 Рехабилитација на регионален пат Р1210, делница Македонска Каменица – Саса

Огласот може да го преземете во pdf формат тука.