Кабаст отпад, расфрлани гуми, делови од автомобили, ѓубре итн. Тоа беше грдата слика во патниот појас, односно во каналите за одводнување на автопатот Тетово – Желино. По извршеното косење, кастрење и сечење на дрвата депонијата веќе ја нема.
ИНФОРМИРАМЕ дека Јавното претпријатие за државни патишта на автопатот Тетово – Желино по извршеното косење, кастрење и сечење на дрвата во патниот појас собра околу 200м3 отпад од кој во најголемиот дел е кабаст.
АПЕЛИРАМЕ до сите учесници во сообраќајот да ја задржиме убавата слика!
ПОТСЕТУВАМЕ дека ЈПДП има поставено канти за собирање на отпад на сите наплатни станици по коридорите VIII и X, како и на сите означени паркинг места за одмор.
ОПОМЕНУВАМЕ дека фрлениот отпад на коловозот претставува опасност за сите учесници во сообраќајот после Вас!
ПРИЈАВЕТЕ кај надлежните служби доколку забележите фрлање на отпад на и покрај државните патишта или споделете ја информацијата со нас на contact@roads.org.mk .
НЕКА НИ БИДЕ ПОГЛЕДОТ ЧИСТ