Skip to content

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ДЕЛНИЦАТА МОКРИНО – СМОЛАРИ

Претседателот на Владата Никола Груевски   го означи почетокот на изградбата на патот кој ги поврзува населените места Мокрино и Смолари во општина Ново Село.

ФОТО : МИА

Премиерот Никола Груевски на отпочнувањето на градежните работи на патот истакна дека станува збор за проект кој е од големо значење за локалната економија, за туризмот и за олеснување на животот на населението.
– Со изградбата на патот ќе се олесни комуникацијата на жителите, побрзо ќе се стига до магистралниот пат и жителите нема да заобиколуваат и да поминуваат дополнителни километри за да стигнат до своите куќи и викендици. Патот Мокрино – Смоларе е всушност продолжение на нашите инвестиции во патната инфраструктура во општина Ново Село и струмичкиот регион, рече премиерот Груевски.
Патот во должина од четири километри треба да биде завршен за шест месеци. Инвестицијата е во вредност од 1,6 милион евра.

Сподели: