Skip to content

Отпочна реконструкцијата на патот Нов Дојран-Николиќ

Почетокот на градежните работи  на оваа делница беше означен  во присуство на премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Во наредните шест месеци колку што е предвидено за реконструкција,   ќе се  постави нов асфалтен слој во должина од 6 км, а во насока на зголемување на безбедноста  ќе се зголеми  ширинатта на патот   од постојните 4 – 4,5 метри на 6  метри.

ФОТО : МИА

-На мојата последна посета и самиот имав прилика да се уверам колку санацијата на овој пат е потребна и важна за жителите на Николиќ. Поради тоа посебно ми е драго што конечно ќе го решиме овој горлив проблем на граѓаните. За таа намена обезбедивме 1,4 милиони евра, истакна премиерот Груевски
Според министерот Мисајловски  рехабилитацијата на овој патен правец е на барање на жителите од овој регион и  со неа ќе се подобри патната инфраструктура во овој крај.

Сподели: