Одлука за спроведување на Стратешка оцена на влијание врз животна средина за проект за изградба на автопатска делница Требеништа – Струга

Одлуката можете да ја превземете на следниов линк:

Се привршува реконструкцијата на патниот правец меѓу селата Долно и Горно Соње

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Сопиште Стевче Трпковски денес направија увид во текот на градежните работи за изградба на локалниот пат од с. Долно Соње до с. Горно Соње.

За рехабилитација на овој локален патен правец во должина од околу 1,1 км. општината аплицираше преку Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура. Инвестиционата вредност изнесува околу 6 милиони денари и истиот ќе биде завршен до крајот на оваа недела.

Во рамките на овој Проект во општина Сопиште во претходните  две години беа завршени два локални пата и тоа :  с. Ракотинци – мост за с. Добри Дол и за с. Добри Дол со вкупна должина од околу 4 км. во вредност од 21 милион денари.