Skip to content

Проектот изградба на Регионалниот пат од Скопје до Сончев Град во фаза на асфалтирање

Градежните работи на Регионалниот пат од Скопје до Сончев Град се во фаза на асфалтирање на патот во должина од  4400 метри.

Истовремено се работи и на насип  на патот, тампонирање како и на санација на појавеното свлечиште во тек на градба.

Со доизградбата на овој патен правец ќе се овозможи директно поврзување на централното градско подрачје на Скопје со планираната населба Сончев Град.

Средствата за изградба на патот се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Сподели: