Градежните работи на Регионалниот пат од Скопје до Сончев Град се во фаза на асфалтирање на патот во должина од 4400 метри.
Истовремено се работи и на насип на патот, тампонирање како и на санација на појавеното свлечиште во тек на градба.
Со доизградбата на овој патен правец ќе се овозможи директно поврзување на централното градско подрачје на Скопје со планираната населба Сончев Град.
Средствата за изградба на патот се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.