В.Д. Директор г. Коце Трајановски

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Роден е 1956 година, во Скопје, Република Македонија.

Семеен човек , сопруга Душанка, ќерка Климентина.

Хоби: се занимава со кошарка и фудбал, а претходно и со карате.

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломирал на Машински Факултет во родниот град 1980 година.

РАБОТНО ИСКУСТВО

Од 1981 – 1996 година работи во МЗТ ХЕПОС како раководител на компјутерскиот центар.
Во периодот 1996 – 1998 година ја основа и ја води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи, притоа ја затвора фирмата и се насочува кон политиката.
Во 1998 година е избран за пратеник на мнозинската листа на ВМРО ДПМНЕ.
Во 2002 година е избран за пратеник на пропорционалната листа на ВМРО ДПМНЕ.
Мандатот го прекинува поради новата функција градоначалник на Општина Гази Баба каде со своите работни задачи и надлежности како градоначалник ја зајакнува локалната самоуправа и нејзиното раководење.
Во април 2005 година е избран за градоначалник на општина Гази Баба на непосредни локални избори со мандат од четири години.
Во Април 2009 година е избран за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.
Во Април 2013 година е избран за втор мандат за градоначалник на Град Скопје на непосредни локални избори со мандат од четири години.
Во 2009 година е избран за претседател е на сите локални самоуправи во РМ, на Заедницата на единици на Локални самоуправи – ЗЕЛС.
4 години е член на генерално собрание на мрежата на национални локални власти во југоисточна Европа – НАЛАС.
Поранешен член е на Комисијата за исполнување на критериуми за 2 фаза од фискална децентрализација.
Поранешен член е во Националниот комитет за Европска унија.
Поранешен член е на Националниот Совет за Рамномерен Регионален Развој.
Поранешен член е во Комитетот за урбана експанзија и справување со отпад.
Во 2024 година е назначен за директор на Јавното претпријатие за државни патишта.