Согласно чл. 41 од Законот за државни патишта (“Сл.Весник на Р.М.” бр.84/08, бр.52/09, бр.114/09, бр.124/10, бр.23/11, бр.53/11, бр.44/12 и бр.168/12), Јавното претпријатие за државни патишта издава Одобрувања за поставување на рекламни табли (билборди) во заштитниот појас на патот*.
* Согласно чл. 4 точка 17 „ЗАШТИТЕН ПОЈАС“ е земјен појас од двете страни на патниот појас во кој не можат да се градат објекти, освен објекти кои се во функција на патот. Согласно чл. 4 точка 15 „ПАТЕН ПОЈАС“ е просторот од двете страни на трупот на патот кој се протега најмалку еден метар од крајниот раб на напречниот пресек на патот.
Потребна документација која се доставува до Јавното претпријатие:
- Барање
После извршен увид и одредување на микролокациите се доставува:
- Записникот од извршениот увид (4 фотокопии) и
- Скици на таблите со димензии и идејни решенија (4 фотокопии)
Одобрувањето се добива по претходно извршена уплата на средствата по Про-фактура која ќе ви биде доставена на Ваша адреса.
Важноста на одобрувањето за рекламни табли е 1 година, за секоја наредна година се доставува ново барање за продолжување на одобрувањето, најмалку петнаесет дена пред истекот на рокот на неговата важност.
Пресметка на средставата кои треба да се уплатат за добивање на бараното Одобрување, се врши согласно Одлуката за висина на надоместок за поставување на рекламни табли во заштитниот појас на државен пат, за поставување на инсталации во трупот на патот и патниот појас на државен пат (“Сл.Весник на Р.М.” бр.139/08).
За тоа кога Вашето одобрение е готово и може да се подигне, информирајте се на WEB страницата www.e-potsetnik.mk. Е-потсетник на веб апликацијата www.e-potsetnik.mk е систем кој преку СМС пораки и електронска пошта, ќе испраќа известувања, односно потсетници до граѓаните и фирмите кога одобрението за поставување на реклами е готово и може да се подигне. Регистрацијата на корисниците на системот , за добивање на услуга ќе може да се прави преку веб апликацијата или преку смс порака. За подетални информации на www.e-potsetnik.mk.
Контакт: odobruvanja_reklamni_tabli@roads.org.mk
Во продолжение можете да го преземете барањето за Одобрение за поставување на рекламни табли (билборди) во заштитниот појас на патот.