Постапка за начин на користење на правото за ослободување од наплата на посебниот надомест за користење на автопатишта во Република Северна Македонија за возилата на лицата кои согласно членот 66, став (2) и (3) од Законот за Јавни Патишта се ослободени од плаќање.

За да го користат правото лицата треба да поседуваат членски книшки, издадени од Здруженијата – Сојузите во кои членуваат, кои заедно со документацијата за болеста согласно наведеното во Законот и копија од сообраќајната дозвола од возилото што се користи преку нивните Здруженија – Сојузи, барањата се доставуваат до Јавното претпријатие за државни патишта. Документацијата се прегледува и потоа, доколку е се во ред, од наша страна членската книшка се потпишува и заверува, со што се потврдува нивното право на ослободување од плаќање на патарина и писмено се известуваат Здруженијата – Сојузите за истото. Кога поминува лицето низ наплатните станици заедно со возилото, ја дава на увид и членската книшка во која стои запишана и регистерската табличка од возилото кое се ослободува.

 

Лице за контакт: Зоран Велков
телефон: 02 3228 454; 02 3118 044, локал 13
Лице за контакт: Љупчо Димовски
телефон: 02 3228 454; 02 3118 044, локал 242

e-mail: patarina_osloboduvanje@roads.org.mk