Skip to content

Увид во градежните работи на регионалниот пат Р1102 делница, Катланово – Велес

ЈПДП врши рехабилитација на делницата Катланово-Велес која е поделена во две секции: првата секција е 3,52 км, а втората секција е 4,88 км или вкупно 8,4 км. Инвестицијата е во висина од 2,65 милиони евра и според договорот патниот правец треба да се заврши до почетокот на летниот период. Увид во градежните работи извршија директорот на Јавото претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и заменик директорот, Благојче Трпевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Во правец од Велес кон езеро Младост заврши асфалтирањето на првите 1,2 километри. Градежните зафати продолжуваат со реконструкција уште на еден километар во продолжение и ќе продолжи според предвиденото.
Рехабилитацијата на овој пат е дел од големиот инвестициски циклус што го реализира ЈП за државни патишта, потенцираше директорот Рустеми и додаде: „Очекувам дека овој патен правец ќе го завршиме во предвидениот рок. Како што бевме информирани од изведувачот и надзорот, работите се одвиваат со добра динамика. Средствата за негова рехабилитација се обезбедни преку заем од ЕБОР. Оваа година во буџетот имаме преку 460 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата што значи дека ни претстои година на изградба и рехабилитација на државните патишта.“, изјави директорот на ЈПДП, Ејуп  Рустеми.

Изведувач на работите е JV INFRA EXPERT & VATO DOO кој е воведен во работа во август минатата година, а рокот за завршување на работите е 9 месеци. Надзорот над работите го врши ЕВРОКОНСЛАТИНГ.
Министерот Благој Бочварски  рече дека поволните временски услови дозволуваат да се работи активно на рехабилитаци на сите патишта и додаде:„Денеска со директорите на ЈП за државни патишта извршивме увид во рехабилитација на патот Катланово – Велес, во вкупна должина од 8,4 километри. Ова е практично стариот пат од Катланово за Велес и преку оваа инвестиција сакаме да го реобновиме стариот пат што до сега беше во лоша состојба. Исто така, ова е многу значајна патна врска со оглед на тоа што го поврзува Велес со Велешкото Езеро каде што имаме интензивен сообраќај и посета на голем број туристи. Задоволен сум од работата на изведувачот, рехабилитацијата тече со предвиденото темпо и очекувам комплетно да заврши пред почетокот на летото оваа година.“.

Сподели: