Skip to content

Се санираат косините на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека во тек е растеретување и санација на косини на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип коишто се појавија по обилните врнежи од дожд и снег во текот на изминатиов период. Ова предизвика неконтролирано слегнување на земјиштето по косините и нивно оштетување.

Ова е како последица на одредени пропусти при изработката на проектната документација своевременото, согласно со кој е изведен автопатот А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип во минатото.

Согледувајќи ја оваа состојба, а во интерес на граѓаните и заради нивна безбедност во сообраќајот Јавното претпријатие за државни патишта изврши интервентна јавна набавка за итна санација на 12-те свлечишта.

ЈПДП започна со вршење на работите за санација на свлечиштата и во моментов во тек е санација на косините на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Воедно, известуваме дека со извршеното пошумување на 30 хектари при што се засадени  околу 600 илјади садници на косините на автопатот  Миладиновци – Свети Николе – Штип кое е направено од страна на ЈПДП дополнително ќе се придонесе за нивна стабилизација и заштита од ерозија.

Сподели: