Skip to content

33 години од постоењето на наплатната служба

На 4 мај 1987 година беа пуштени во употреба три Наплатни Станици на територијата на нашата земја. Денеска одбележуваме 33 години од постоењето на Наплатната Сужба, која во моментов во нашата земја е синоним на модерна, електронска и современа наплата на патарина.

Во текот на своето постоење Наплатната Служба секогаш се стремела кон вршење на професионална и квалитетна услуга, сѐ со цел да овозможи брз и безбеден проток на сообраќајот

Во период кога целиот свет е соочен со пандемијата на корона вирусот, сакаме да упатиме голема благодарност на сите вработени на Наплатните Станици кои се секојдневно изложени на ризик, но и покрај тоа секој еден од нив максимално професионално ги извршува работните обрски. Од самиот почеток на пандемијата ЈПДП им овозможи максимална заштита на вработените на Наплатните Станици  со набавка на антибактериски гелови, маски и ракавици.

Наплатната Служба има поставено високи цели, и секогаш се стреми кон нивна реализација, сѐ со цел да се следат модерните текови за наплата на патарина и доближување до европските вредности.

Сподели: